Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп



Овен

Имате потреба да ги прикривате чувствата. Бегате во својот имагинарен свет и со споредни работи ја маскирате вистинската состојба на работите. Осаменоста е она на што моментално давате предност и која ви помага да ги реализирате плановите.



Бик

Се занимавате исклучиво со она што го сакате и ја постигнувате саканата цел. По ниту една цена не дозволувате блиските да ве малтретираат со глупости. Воведувате свои правила и на сите ќе им покажете каде им е местото.



Близнаци

Клучен збор на денот е амбиција. Бидејќи таа долго време беше во втор план, донесувате одлука да се активирате. Колку ќе успеете во тоа, зависи исклучиво од вас. Со зголемена одговорност ќе тргнете во акција, но мора да ја отфрлите арогантноста ако сакате да бидете добро прифатени.



Рак

Како ќе ја искористите поволната прилика зависи од моменталната ситуација. Имате преголема желба за авантура, но мора да бидете внимателни, бидејќи таа може да ве доведе до опасност. Периодот е добар за контакти, бизнис и патување.



Лав

Бидете внимателни, бидејќи лесно можете да западнете во она што најмалку го посакувате - финансиски колапс. Периодот е поволен за занимавање со политика. Внимавајте на здравјето, кревки сте, а причина за тоа се нервозите.



Девица

Денес ќе имате корист од секаков партнерски сојуз. Потрудете се да ги сослушате желбите на соработниците. Доколку решавате судски спор или, пак, имате проблеми со законот, не грижете се, се' ќе заврши одлично. Бидете трпеливи со партнерот.



Терезија

Ќе бидете горди на некого или на нешто. Функционирате под одреден шаблон од кој морате што побрзо да излезете. Станувате свесни за здравјето и правите се' за да го санирате акутниот проблем. На вистински пат сте, продолжете така.



Скорпија

Бидејќи им давате предност на уживањата и забавите, ќе имате успех и во љубовта. Својата магнетска привлечност користете ја на адекватен начин, не грижете се, нема да останете незабележани. Насочете се кон работните обврски и очекувајте го успехот.



Стрелец

Потрудете се да ги решите семејните проблеми наредните денови, бидејќи ова е вистински момент. Не дозволувајте да се насоберат, па да излезат од контрола. Внимавајте на здравјето, проблемите нема да се решат сами.



Јарец

Покрај тековните обврски, решавате и семејни проблеми. Размислувањата за патување не се без основа. Можеби тоа ќе ви помогне да закрепнете од стресовите што ве бомбардираа во последно време. Здравствениот проблем не е сериозен, затоа олабавете се.



Водолија

Одамна ја сфативте моќта на парите и почнавте да работите на подобрување на финансискиот статус. Денес ќе бидете успешни во решавањето на сите проблеми. Треба да смислите добар начин како полесно до пари.



Риби

Одеднаш дојдовте до сознание дека повеќе нема ништо да трпите. Решавате на директен начин да го кажете она што го мислите. Доколку сами ги сфатите сопствените квалитети и отворено и' дадете до знаење на околината колку вредите, ќе бидете повеќе почитувани.



Најди! во Утрински
Барај со НАБУ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.