Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Германија не успеа да се пласира во четврт-финалето во ракомет

Светскиот ракометен шампион во машка конкуренција, Германија, ќе мора да ги спакува куферите и да ги напушти 29. Олимписки игри во Пекинг уште по натпреварите по групи. Германците, изненадувачки, завршија на петтата позиција во својата конкуренција и не успеаја да обезбедат место во четврт-финалето. Нивниот сон за продолжување на престојот во кинеската престолнина, вчера, го урна Данска која ги совлада со убедливи 27:21. Па, последниот четврт-финален билет во групата Б заврши кај селекцијата на Русија, која освои ист број бодови како и Германците, но Русите на крајот имаа подобра гол- разлика која ги одведе меѓу осумте најдобри во Пекинг, а германските ракометари дома. Прв стрелец кај Данците, кои во четврт-финалето ќе се соочат со Хрватска, беше Ласе Босен со осум погодоци, Германците ги предводеше Михаел Краус со 6.

Русија во последното коло славеше над лидерот во групата Б, репрезентацијата на Јужна Кореја со 29:22. Во четврт-финалето „зборнаја“ ќе игра против селекцијата на Франција која во последниот меч во вчерашната ракометна програма ремизира со Полска (30:30).

Исланд на две кола докрајот на фазата по групи го обезбеди пласманот во четврт-финалето на ОИ во Пекинг. Затоа исланѓаните, вчера, како повеќе да размислуваа за она што ги очекува во продолжението на ракометниот турнир отколку на дуелот со аутсајдерот во групата Б, Египет, во кој изненадувачки ремизираа - 32:32. Нивни следен противник на ОИ 2008 е репрезентацијата на Полска. Последната четврт-финална двојка на машкиот ракометен турнир во Пекинг ја сочинуваат Јужна Кореја и Шпанија.

Двојки за четврт-финалето на машкиот ракометен турнир на Олимписките игри во Пекинг: Јужна Кореја - Шпанија, Хрватска - Данска, Русија - Франција, Исланд- Полска.


Статијата е прочитана 152 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Спорт
Вардар про победник на турнирот во Зеница
Македонија ја совлада фаворизираната Турција
Рекордни 5,05 м на Исинбаева во скок со стап
Кина во солзи- поради повреда, се откажа Лиу Ксијанг
ШАХ - Победнички потег
Селмани откажа, Славковски ќе дебитира во Реквере
Јотовски на главниот тениски турнир во Добрич
Трајанов му се придружи на Демири
Селман последен меѓу 37 во трискок
Прв медал од Олимписките игри за Маврициус
Споредба меѓу Фелпс и Шпиц
Финале Бразил-САД
Во ватерполо четврт-финалето Црна Гора против Хрватска
Прв пораз за кошаркарите на Литванија
Освоени медали
РЕЗУЛТАТИ

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.