Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Можен е штрајк ако Собранието не се премисли за Законот за работни односи

Дел од главните забелешки на ССМ се однесуваат на измени во врска со правото на одмор за работникот

Александар Пешев

Доколку Собранието продолжи со форсирање на измените во Законот за работни односи преку несоодветни процедури, Сојузот на синдикатите е подготвен да ги преземе сите активности кои се во негова моќ, информираат од ССМ. Според него, измените во Законот се донесени на недемократски начин, без консултирање на релевантните социјални партнери, а измените не се во насока за подобрување на стопанството во земјава.

„Сигурно дека Советот на ССМ ќе ја разгледа можноста за штрајк. Подготвени сме да ги информираме европските синдикални организации и другите релевантни институции во врска со измените. Тие ги кратат правата на работниците и суштински не придонесуваат за подобрување на стопанството во Македонија“ , вели Драге Јовановски од Сојузот на синдикатите.

ССМ на крајот на минатата недела испрати дописи до претседателот на државата, Бранко Црвенковски, и до Трајко Велјаноски, претседателот на Собранието, со апел Законот да се донесе по консултација на сите социјални партнери и со анимирање на Економско-социјалниот совет.

„Бараме за измените и дополнувањата во Законот за работни односи да има јавна расправа во која ќе учествува и ССМ како социјален партнер и по него да расправа и Економско-социјалниот совет, а потоа да оди во собраниска процедура, односно да се расправа на седница на Собранието“, се вели во дописот од ССМ до Велјановски. А, во писмото до претседателот Црвенковски, ССМ се заблагодарува за соработката и поддршката од шефот на државата. „Ве молиме, согласно со вашите надлежности, да инсистирате тој да биде донесен согласно со процедурата за носење закон, пропишана во Деловникот на Собранието“ , се наведува во писмото.

Дел од главните забелешки на ССМ се однесуваат на измени во врска со правото на одмор за работникот, потоа на неограниченото работно време во трета смена, на укинатата можност работниците да се преквалификуваат или доквалификуваат пред да бидат избркани од работа и на продолжувањето на периодот за договор на определено време, од четири на пет години.

Според измените во Законот, минималното траење на одморот е сведено на 20 дена, со тоа што не се дефинирани максимумот и просекот. Работникот може да добие и повеќе од 20 дена одмор само ако има потпишано колективен договор. Според ССМ, ваквите измени им даваат на газдите дополнителен простор за манипулација со работниците.

Тврдењата за несоодветноста на Законот од ССМ ги поткрепуваат со примери од светот. Во Австрија на работниците им се доделуваат пет недели годишен одмор, Белгијците добиваат четири недели, исто како и Германците. Во Грција одморот е одреден на минимум 22 дена, а во Шведска секој работник добива по 25 дена одмор годишно.

Според хрватскиот закон, пак, се предвидуваат најмалку 24 дена одмор годишно, а се ограничува прекувременото работно време и концизно се дефинира ограничувањето за работа во ноќна смена.

 


Статијата е прочитана 435 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во болниците ќе нема лек со доплата
Пензиската афера ја тресе Битола
Инспекцијата за труд затекна 941 непријавен работник
Водостопанство „Брегалница“ половина година без плата
Се гради канализација за гостиварското село Чегране
Ќе се гради нов студентски дом со 600 легла во Скопје
Паричен надомест од државата побарале 6.553 стечајци
Управата за спречување перење пари ќе санкционира шест банки
Оптички кабел на линија Скопје - Кичево
Од утре втор уписен рок во средните училишта
Узурпирани тротоари на две улици во Гостивар
Хуманитарен сунет за ромските деца

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.