Брoj 2819  петок, 24 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Водителскиот квартет триумфално оперира

Ана Михајловски, Николина Пишек, Драган Маринковиќ-Маца и Милан Калиниќ, гуруа на „Операција Триумф“

ИВОНА САЗДОВСКА

Пред точно четири недели на Балканот стартуваше едно од најголемите музички реални шоуа со симболично име „Операција Триумф“.

Триумфално ќе биде за еден од шеснаесеттемина кандидати кои учествуваат во шоуто и кои од недела во недела се борат за гласови кај публиката и жирито.

За целата операција да добие на драматичност, главната улога им е доделена на две дами и двајца џентлмени кои совршено добро се вклопија во гламурозната сценографија и темпераментот на кандидатите.

Ана Михајловски, Николина Пишек, Драган Маринковиќ-Маца и Милан Калиниќ се водителските гуруа на целиот проект и секој на свој начин и со посебен шарм успева да ја анимира јавноста, на тој начин оправдувајќи го и епитетот на најдобро избрани за ова шоу.

Убавицата меѓу нив, Николина Пишек, истакнала дека преминот од Хрватската национална телевизија ХТВ во комерцијалната Нова ТВ и' донел навистина многу среќа.

„Кога одлучив да заминам од ХТВ во Нова, очекував дека ќе ми биде понудена емисија, со што ќе продолжам да го работам она што го знам најдобро. Меѓутоа, се случи ’Операција Триумф‘ и понудата едноставно беше неодолива. Малку е да кажам дека уживам со сите учесници на сцена и дека сакам да ја доживеам спектакуларно секоја гала-вечер. Од емисија во емисија забележувам дека кандидатите се се' подобро, што особено ме радува, па затоа верувам дека до самиот крај ќе биде многу тешко и неизвесно“, појаснува Пишек.

Иако ја сметаат за вистинска божица меѓу водителите, од стартот коментарите што се поврзуваат со нејзиното име велат дека е многу арогантна и воздржана, со цел да ги потсети другите од водителскиот тим дека не треба да се прават премногу отстапки од сценариото.

„На сцената сум таква каква што сум и приватно. Овој проект го сфатив многу сериозно и од таа причина му пријдов со особено внимание. Умеам да се шегувам со другите, меѓутоа во никој случај не сакам да претерам во тоа. На крајот, ако погледнете добро, ќе сфатите дека ова е шоу на кое работи голема екипа што се труди навистина да го избере најдоброто од најдобрите. Во однос на ароганцијата и воздржаноста, делот од моето сценарио е таков, па и моето однесување е во согласно со него“, додава Пишек.

Во овој период, кога „Операција Триумф“ постигна голема гледаност и популарност, на Интернет-страниците во Хрватска осамнаа фотографии на кои Николина Пишек е речиси како од мајка родена, истакнувајќи дека со право го носи епитетот на една од најжешките хрватски водителки. За многумина тоа е добар маркетинг, но Пишек појаснува дека станува збор за несреќен случај, затоа што мобилниот телефон каде што се наоѓале сликите едноставно се изгубил.

„Позната сум по тоа дека ги губам телефоните многу често. Сликите се автентични и настанаа во еден познат хотел, каде што не можев да им одолеам на светлото и на големите огледала, во кои уживам. Погледнав наоколу, ги одредив позите и уживав во фотографирањето. Потоа се изгуби телефонот и фотографиите осамнаа на сите Интернет-портали и магазини“.

Ана Михајловски е слатката мала водителка од Белград која неофицијално е прогласена за девојка со најубава насмевка бидејќи, како што велат нејзините колеги, и кога спие, се смее. Поканата за „Операција Триумф“ ја прифатила со воодушевување, бидејќи смета дека ова е еден од најсериозните проекти преку кои се бара музичка ѕвезда.

„Наспроти бројните реални шоуа кои досега имавме можност да ги гледаме на телевизија, од кои дел лиценцирани, а дел направени во сопствена режија, ’Операција Триумф‘ моментно го сметам за најдобар проект, кој со сигурност можам да кажам дека ќе го одбере најдоброто. Целиот концепт со Академијата, професорите, кореографите, навиката на учесниците дека овој начин на живеење е поинаков од оној што го живееле досега е нешто што навистина ме фасцинира. Не е лесно да се биде ѕвезда на Балканот“, истакнува Михајловски.

На Интернет-порталите многумина сметаат дека е најслаба од четворката и дека најмалку ја има во однос на преостанатите колеги, па затоа гласањето за неа е најмало.

„Сметам дека доволно ме има во емисијата, бидејќи сме четворица и, според сценариото, секој има одредена улога во емисијата. Знаеме кога и каде треба да се појавиме и што да им кажеме на присутните и во салата и на малите екрани. Лично сметам дека совршено се вклопив во комбинација со другите ако се земе предвид дека претходно со Милан ја работев и емисијата ’Летачки старт‘, додека со Маца и со Николина прв пат сум на проект, но мислам дека одлично се снаоѓаме сите. На крајот, секој од нас е свој и се претставува така како што најдобро умее и знае“, додава Михајловски.

Најсимпатичниот и најсексапилен водител меѓу нив Милан Калиниќ вели дека, пред се', одлично се забавува со проектот, но не ги заборава сериозноста и крајната цел на „Операција Триумф“.

„Вистинско задоволство е да се биде на Кошутњак секој понеделник од 21 часот. Па, кога сум таму, едноставно се губам. Публика, девојки, кандидати, песни, солзи, прекрасни водителки, мојот миленик Маца, верувајте, не ми треба ништо друго. Во ниту еден момент не се двоумев околу тоа дали треба да ја прифатам поканата или не. Беше и повеќе од јасно дека не треба многу да се размислува за вакво нешто“, истакнува Калиниќ.

Во однос на сценариото, многумина сметаат дека речиси целата емисија е дело на импровизација, каде што во преден план се Милан и Маца.

„Една работа мора да биде јасна. Сите четворица работиме според сценарио во кое секој си има свој дел од текстот и знае кога излегува на сцена, кога се наоѓа кај кандидатите, кој ќе замине во публиката, а кој кај жирито. Тука не смее да има грешка, од таа причина сме и поврзани со сцената назад. А во однос на слободниот текстуален дел не е страшно ако се вметнат некој коментар, некоја реченица или мала шега. Во крајна линија, мора малку да ги забавуваме и публиката и гледачите, затоа што сум сигурен дека тие го очекуваат тоа од нас. Па ова е забавно шоу, а не некоја политичка емисија за да бидеме постојано сериозни“, додава Калиниќ.

Веројатно најоткачениот меѓу сите Драган Маринковиќ-Маца ќе остане запаметен како најстрашниот водител кој во првата емисија, наместо да ги испрати во куќата, шестемина кандидати кои очекуваа влез во Академијата ги испрати дома.

„Тоа беше навистина и смешно и тажно. Малку се пошегував, но очигледно не им беше до шега. Но, што е тука е. Сите што се пријавија требаше да бидат свесни дека дел од нив ќе останат, а дел ќе се вратат дома. Искрено, целото шоу ми овозможува голема забава и одлично ми е кога сум со нив. Ова е многу сериозен проект и затоа се трудиме заедно да им објасниме на момчињата и на девојките дека ако сакаат да бидат ѕвезди, мора да почнат да живеат во таков стил и дух. Шегата и провокациите се само дел од јавниот живот, колку побргу ќе го сфатат сето тоа толку полесно ќе успеат да се снајдат. Нека учат од мене, многу добро го знам тоа“, појаснува Маца.

За него велат дека е најголем шоумен меѓу водителите, кој постојано импровизира.

„Кажете ми кој водител или актер не излегува од рамките на сценариото? Ги слушам челниците на продуцентската куќа, но признавам дека секогаш кога можам излегувам од стандардната шема и сакам да кажам нешто свое. Се трудам да не употребувам вулгарности, но и да се случи тоа, не е ништо страшно, па сите знаеме како одат некои работи, нели?“, завршува Маца.






Статијата е прочитана 768 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Слободна за секс
Новата љубов на Гај Ричи
Фатално кршлива седмата година од бракот
Дани се врати од Египет и од Тунис со химна против сидата
Секси враќање на сцената
Будење на пеколната машина
Колекција инспирирана од филмски диви
„Македонско девојче“ на Каролина во автентичен амбиент
Негативец само на ТВ-екраните
Жал за Боки