Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

На „Илинденска“ почна да се гради атмосферска канализација

Проектот се' уште нема градежна дозвола од општините Карпош и Центар

Сања Наумовска

Проширувањето на улицата „Илинденска“ започна минатата недела со поставување на атмосферска канализација на дел од трасата. Во моментов се работи на потегот спроти амбасадата на САД кон Карпош, бидејќи во тој дел нема имотноправни проблеми. Градот Скопје доби од МВР и сообраќајно решение за привремено менување на сообраќајот во текот на градежните работи, но засега проектот нема градежна дозвола од општините Карпош и Центар.

Проблем со Општина Карпош се нерешените имотноправни односи на неколку точки на трасата на идниот булевар. Најкритично е кај стариот влез на Зоолошката градина, спроти американската амбасада и на влезот во „Паркови и зеленило“, каде што има дивоградби, но и делови од приватни имоти. Во тек се преговори со сопствениците, а градските власти имаат зелено светло од Советот на Скопје за експропријација на имотите. Сепак, од Градот не прогнозираат колку време ќе траат преговорите, поради што и не се знае кога механизацијата на градежното претпријатие „Гранит“, кое го доби тендерот за изведба на булеварот, ќе може да излезе на терен.

Недоразбирањето со Општина Центар, пак, е врзано со вклопувањето на проектот во детаљните планови на општината, за што, веројатно, градските и општинските власти ќе разговараат во текот на неделава.

„Во меѓувреме, додека се решаваат административните и техничките проблеми, како вадењето дозволи и расчистување на трасата, на терен се започнати дел од подготвителните работи. Сепак, засега не можеме да прецизираме кога и на кој потег ќе започнат градежните работи“, вели Алјоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам во Град Скопје. Според првичните планови на градските власти, оваа фаза од изградбата на „Илинденска“ требаше да почне во јуни и да заврши во декември, но во моментов роковите ќе зависат само од решавањето на имотните проблеми.

Инаку, според проектот, проширување на „Илинденска“ е планирано на потегот од фонтаната „Лотос“ до раскрсницата кај Воената болница и ќе чини 160 милиони денари. „Илинденска“ ќе биде булевар со по две ленти, ќе има целосно изградена подземна инфраструктура и модерно осветление. Според Генералниот план на Скопје, проширувањето на „Илинденска“ треба да продолжи и кон Карпош 4. На локацијата каде што сега завршува, планирано е да продолжи право и со мост преку Вардар да се поврзе со булеварот „Словенија“ или со обиколницата на Скопје. Во Градот велат дека тоа е третата фаза од изградбата на оваа сообраќајница.


Статијата е прочитана 253 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
Викендов трето запрашување против комарци
Летно косење на тревата на кејот
Контурите на катната гаража во Аеродром ќе бидат видливи наесен
Нов асфалт на повеќе улици во Ѓорче Петров

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.