Иако финансиската ситуација е стабилна, сепак не е препорачливо премногу да се ризикува. Односот со соработниците ви е одличен потрудете се така да остане. Погрижете се да блеснете на еден настан. Не посакувајте премногу. Бидете внимателни со дигестивниот систем.
Бик
Еден стар познаник ќе ве покани на кафе, од пријатниот муабет ќе се роди забава до утро. Среќата ќе ве служи. Одличен ден за забава и вежбање. Јавете им се на пријателите но и на личноста за која долго време размислувате. Здравствената состојба ви е одлична потрудете се така да остане.
Близнаци
Ќе се појават сомневања во искреноста на партнерот. Исто така и партнерот се сомнева во вас. Ќе изнесете ставови за една личност, која по разговорот со вас ќе остане збунета. Чувајте се од болки во грбот и проблеми со гласните жици. Немојте да бидете лекомислени.
Рак
Промените ќе внесат повеќе ред и организација во вашата работа. Донесете решение дека од денес ќе почнете да вежбате. Вклучете ги блиските во своите планови. Не претерувајте со пороците и внимавајте што јадете. Опуштете се и спортувајте ако сакате да го задржите здравјето.
Лав
Успешно ќе одолеете на убедувањето на една, според ваше мислење, несигурна личност. Не ги откривајте своите слаби страни. Живејте активно. Дајте се од себе кога е во прашање професијата но не трошете ја енергијата само на тоа. Уживајте во животот.
Девица
Ќе бидете расположени за разговор за проблемите и ќе посакувате мирно дружење во двојка. Ќе се јавите на една личност, којашто ќе ви помогне да решите некои финансиски двоумења. Време е да го посетите стоматологот. Чувајте ги ушите и очите. Не ја испуштајте забавата.
Терезија
Вашите планови за сега ќе останат само на хартија. Почекајте ги подобрите времиња што наскоро доаѓаат. Измерете го притисокот и пијте повеќе течности. Не правете драми околу некои дреболии.Чувствителни сте и мало недоразбирање со партнерот ве повредува, бидете похрабри.
Скорпија
Ќе посакате повеќе и подобро од она што можете да го добиете. Изненадните трошоци ќе ве принудат да ги смените плановите за следната седмица. Премногу, или пак премалку сон, лошо ќе влијае на вашето расположение. Партнерот очекува од вас внимание .
Стрелец
Ќе ве заинтересираат случувањата во друг град. Одморете се од работата. Една вревлива личност ќе ве отргне од длабок сон. Ќе се налутите. Верувајте во себе. Здравјето ви е одлично само ако не внесувате премногу шеќер. Ве очекува изненадување од партнерот.
Јарец
Вашите зборови и дела ќе наидат на многу симпатизери. Еден пријател ќе ви помогне. Средете ги ноктите о намалете го сушењето на кожата. Повлечете го планираниот потег. Посветете му малку внимание и на сеејството кое со нетрпение го очекува вашето внимание.
Водолија
Разговорот на тема пари ќе биде гласен, на граница на добриот вкус, но ќе вроди со плод. Спречете ја можноста од засилено опаѓање на косата. Не претерувајте со храната бидејќи тоа може катастрофално да влијае на вашето здравје.
Риби
Од некои објективни причини би можеле на кратко да бидете разделени од некои драги личности. Неработниот дел од неделата искористете го за одмор и наспијте се. Не ги озборувајте пријателите. Премногу енергија трошите на непотребни работи затоа бидете внимателни.