Од утре втор уписен рок во средните училишта
Средните училишта во текот на утрешниот ден ќе вршат уписи на кандидати за прием во новата учебна година во вториот уписен рок. По првиот уписен рок, во средните училишта останаа слободни 12.030 слободни места, од кои 7.579 за настава на македонски јазик, 4.029 за албански, 276 за турски наставен јазик, 68 за настава на српски јазик и 78 места за повторувачи.
Во Министерството за образование и наука велат дека од 27.200 ученици кои оваа година завршиле осмо одделение, во првиот уписен рок во средно се запишале 21.496 ученици, додека незапишани останале 5.704 ученици.
Од оваа учебна година почнува да се применува Законот за задолжително средно образование, кој предвидува казна од 1.000 евра за учениците што нема да се запишат во средно. (Ж.Х.З.)
|