Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Добри и лоши момци

Димитар Чулев

Косово може – Јужна Осетија не. Тибеќанците во Кина имаат право, но Курдите во Турција – не. Баскијците се сепаратисти, оние во Јужен Судан се – борци за слобода.

Аналитичари од сите меридијани се впуштија во сериозна расправа околу „двојните аршини“ и правото на користење на „воспитен камшик“ по последните настани во Грузија. Властите во Тбилиси сакаат да „ја вратат контролата“ над самопрогласената Ј. Осетија, но заборавија дека по косовскиот преседан термините како што се сепаратисти, отцепување, агресија, окупација, тероризам, интервенција се релативизираа до степен што зависат исклучиво од географските координати на регионот каде што се случува „нешто“ и од тоа дали спаѓа во интересната сфера на САД и НАТО или на Русија, Кина или на арапскиот свет.

Се разбира, секоја сличност на руската интервенција за одбрана на Јужна Осетија и нападите на воени цели во Грузија е само случајна со етничкото чистење на Косово, поради кое беше казнет режимот во Белград со бомбардирање на многу важното, на пример, рударско гратче Алексинац, покрај другите легитимни цели на армијата на генералот Весли Кларк.

Дури и лондонски „Гардијан“ деновиве напиша дека „желбата на Запад да интервенира во корист на поделба, која се манифестираше во Југославија, Ирак, Судан, претставува повеќе од мешање, бидејќи ги охрабрила секој народ и секоја покраина на планетава што трпат репресија да помислат дека во остварувањето на својата цел може да придобијат поддршка од некоја голема сила“. И што натаму при податок дека на планетава има барем 200 замрзнати конфликти. Кој ќе определи кои се „лошите“ момци со црни качулки, а кои добрите?


Статијата е прочитана 902 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 19.08.2008 08:33:55
Ima samo eden Zakon i edno pravilo. Toa e pravoto na SILATA. Dzabe se covekovi prava, demokratija, diplomatija, moral, koga od sekogas (pa i denes) edinstven Zakon e silata.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Втора страница
Македонија не смее да го изгуби чекорот за НАТО
СДСМ дебатира за лидер, но Црвенковски веќе ја зеде палката
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.