Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Оптички кабел на линија Скопје - Кичево

ТЕТОВО - На железничката линија Скопје-Кичево се поставува оптички кабел за Интернет и телефонско поврзување. Кабелот ќе овозможи побрза, поквалитетна и поедноставна комуникација меѓу железничките станици и постројки. Подземниот оптички кабел веќе е поставен од Ѓорче Петров до Радуша, а на оваа релација ќе има и сигурносни сигнални уреди.

Според Бесник Јусуфи, шеф на железничката станица во Тетово, планирано е проектот да биде реализиран до ноември годинава. Како посебен проблем Јусуфи посочува на честите кражби на кабли поради високата вредност на материјалот во откупните пунктови. Тоа е причина поради што поставувањето кабли временски се одолжува, но и се поскапува.

Инаку, во Тетовскиот регион покрај повеќето диви премини преку железничката пруга, посебен проблем претставуваат двата официјални премина - кај Ратае и кај Фалише. (Г.Е.)


Статијата е прочитана 364 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со Н��БУ
Македонија
Во болниците ќе нема лек со доплата
Можен е штрајк ако Собранието не се премисли за Законот за работни односи
Пензиската афера ја тресе Битола
Инспекцијата за труд затекна 941 непријавен работник
Водостопанство „Брегалница“ половина година без плата
Се гради канализација за гостиварското село Чегране
Ќе се гради нов студентски дом со 600 легла во Скопје
Паричен надомест од државата побарале 6.553 стечајци
Управата за спречување перење пари ќе санкционира шест банки
Од утре втор уписен рок во средните училишта
Узурпирани тротоари на две улици во Гостивар
Хуманитарен сунет за ромските деца

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.