Број 2819  петок, 24 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Политика

ИНТЕРВЈУ

Размислувам различно од политичарите

Македонија не треба да абдицира во ниеден дел од својот суверенитет, но мора да преговара, вели Бернар Бадие, француски политиколог

Димитар Чулев

„Сосема ја разбирам емоцијата на Македонците во врска со македонско грчкиот спор... Таа емоција е сосема оригинална и сосема нова и неповторлива. Сосема и' го признавам правото на Македонија да го одбере своето име независно од мислењето на своите соседи. Има еден пример на област во Белгија која се вика Луксембург, меѓутоа никогаш тоа не претставувало проблем и не било причина за тензии со соседната држава Луксембург“, вели Бернард Бадие, француски политиколог, професор на Универзитетот за политички науки во Париз и редовен член на центарот за меѓународни студии и истражување „Фери“. Автор е на делата „Крајот на териториите“ (1995), „Свет без суверенитет“ (1999) и „Мултилатерализам“ (2001) во кои се обидува да го објасни функционирањето на политичката стварност.

„Но, ќе морам да појаснам. Името на една држава ќе биде такво доколку тоа е избрано прифатливо од граѓаните на таа политичка заедница - државата. Но, таа деноминација, тоа именување треба, исто така, да фаворизира една слога на меѓународен план. Оттаму, Македонија преку мултилатералните контакти би требало да провери дали името што го одбрала за себе е сосема комфорно, удобно, за комуникација и коегзистенцијата со соседните држави“.



Македонија го доживува спорот како наметнат и апсурден, но како таков тој претставува пречка за посакуваното членство во НАТО и во ЕУ?

Да, многу веројатно мислам дека грчката ригидност е сосема јасно одговорна за сето тоа. Но, треба да бидеме на јасно дека денес Македонија нема да влезе во Европската унија без да има минимален консензус или договор во врска со тој проблем. Тоа е причинат�� поради што договарање во мултилатерални рамки е сосема битна работа.

Лично сметам дека Македонија не смее да абдицира, односно да се откаже од кој било дел од својата сувереност. Македонија и не сака да абдицира од тоа обележје на сувереност (името н.з.), но треба да се земе предвид во кој свет живееме. Живееме во свет каде што меѓузависноста на државите е таква и бара да се преговара, особено кога е во прашање некој процес на интеграција. Како што е сега случајот со ЕУ.

Какво е Вашето мислење за ставот на земјите од ЕУ околу ова?

Сметам дека постои слободен простор за преговарање, бидејќи сум убеден дека земји-членки на Европската унија посакуваат да ја видат Грција како еволуира, напредува во своите барања и, конечно, да ги намали своите барања зашто повеќето држави се на некој начин женирани (засрамени) поради толку ригидното држење што доведува дотаму односите меѓу двете земји да се во тензија. Без да се абдицира од фундаменталното суштинско право, Македонија мора да им покаже на земјите-членки од Европската унија, кои се умерени во своите ставови, дека е подготвена да се влезе во едно мултилатерално преговарање на оваа тема.



Франција е актуелен претседавач на Европската унија, меѓутоа кај македонските граѓани постои една перцепција дека официјален Париз зазеде страна во македонско-грчкиот спор. Дали таа перцепција е погрешна, особено што Македонија имаше пријател во почитуваниот Роберт Бадинтер, кој во почетокот на 90-тите години донесе позитивна оцена за правото на Македонија да биде суверена држава?

Во анализа на меѓународните односи имаме навика да не зборуваме за една земја, која и да е таа земја. Франција е земја со 60 милиони жители и има размислувања кои се различни.

Точно е дека постои една стара историја на богати билатерални односи меѓу Франција и Грција, но во однос на македонско-грчкиот спор немаме сите еднакво мислење. Изборот на претседателот на Републиката е негов, но во рамките на француското општество постојат различни перцепции и би било илузија да се мисли дека сите во Франција го мислат истото тоа.



Дали сте загрижен дека доколку не се затвори процесот на интегрирање на ЕУ со приеми на балканските држави, овој дел постојано ќе биде проблематичен и ќе претставува баласт за ЕУ?

Убеден сум дека ЕУ има двоен интерес да го доближи овој регион кон Европа. Секоја дамка на географската карта на Европа говори лошо за Унијата. Сметам дека филозофијата на една обединета Европа не може да се гради на принципот на исклучување одредени земји и на оспорување на нивното право да бидат дел од Европа. Тоа би ја ослабело и Европа, а особено Балканот, многу повеќе од кој било регион. Мислам дека напротив, добивка на Европската унија ќе биде доколку ве добиеме вас како членка на Унијата.



Дали сметате дека по кризата која настана околу Грузија, ќе се зголеми бројот на земјите кои се скептични дека треба да продолжи процесот на проширување на ЕУ?

Како универзитетски професор и како граѓанин на Европа, мислам дека кризи како таа на Кавказот би требало да го забрза процесот на интеграција.

Но, се плашам дека од чисто политички аспект, од аспект на размислувањето на на водачите, работите ќе тргнат во обратен правец, кризата ќе го засили стравот на европските водачи да не интегрираат внатре во ЕУ потенцијални конфликти и региони каде што има ризик од страв дека ќе се реконструира логиката од студената војна.

Се плашам дека климата сега не е добра за проширување, а тоа е така во најголем дел поради случувањата на Кавказот. Вратите на ЕУ станаа потешки за отворање, почнувајќи од настаните од август 2008 година.



Дали имате често различно мислење од она на политичарите?

Секогаш. Вие тука поставувате едно капитално суштинско прашање. Која е рационалноста на политичарот: да биде избран во најдобрите можни услови. А рационалноста на еден човек од универзитет е да го види феноменот во целост, губејќи притоа секаква надеж дека ќе биде популарен поради своето мислење затоа што универзитетскиот човек нема публика.

Не би сакал да зборувам за другите земји, меѓутоа можам да кажам за Франција дека тамошните политичари, преку благословот што го добиваат по пат на избори, сметаат потоа дека знаат се'.



Дали бевте да ги посетите Француските гробишта во Скопје?

Да, во мај кога првпат дојдов во земјата.



Што им кажавте на своите пријатели, каде се тие гробишта?

Во Македонија, се р��збира, немам проблем со тоа. И сигурно не би се вратил по само пет месеци по втор во земјата која ми остави голем впечаток.


Статијата е прочитана 1372 пати.

Испрати коментар

Од: Delcevo
Датум: 24.10.2008 01:11:31
Do koga samo pamet ke ni delat tie Francuzite, a za grbot grob ke ni kopaat so nivniot Sarkozi
Од: VMK
Датум: 24.10.2008 01:23:48
Французинов треба да дојде во Македонија на гага па да ви кажува да не абдицирате.....ЕЈ... СТОП ЗА ПРЕГОВОРИТЕ...нема повеке гласање за никој и за никоја партија...бар јас во колку не се престане со преговорите за промена на името на нашата, мојата сакана земја,која за малу и јас ке бев убедена дека со тоа северна би се обединила...но не е така...а нашите војводи, комити и партизани кои го дале животот за оваа Македонија...ке ве проколнат...кој сте па вие да менувате име кој ве овласти,со тоа што ве гласав јас на пример за вас...еј кој сте да го менувате името...Ти Бранко не те гласав и немам право да викам за тебе можеш да правиш што сакаш,,а вие што ве гласав ви го одземам гласот...во колку уште само еднаш се појавите на преговори разговори, и мутки јајца за промена на името на Македонија...СТОП на преговорите да живее Македонија!
Од: nas'inec
Датум: 24.10.2008 03:59:40
Profesorot kako i sekoj univerzitetsko uc'en c'ovek ja znae i ja ceni nezavisnosta na sekoj drug koj so pravo si ja saka i ceni svojata zemja-drz'ava. Mu blagodaram na profesorot za pravic'nosta !

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владимир Тулевски
Милошоски- Помина времето за промена на името и идентитетот!
Дијаспората не очекува промена на политиката на САД спрема Македонија
Парламентот даде виза за петтите уставни измени
Нимиц демантира сугестии од трети страни во спорот за името