Број 2819  петок, 24 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Будење на пеколната машина

Аксел Роуз конечно решен да го издаде албумот „Кинеска демократија“ со новата „Ганс енд роузис“

АЛЕКСАНДАР МИТЕВСКИ

Може да се каже дека дури и најзагреаните фанови на ексцентричниот лидер Аксел Роуз и неговиот бенд „Ганс енд роузис“ веќе се изладија во очекувањето на толку најавуваниот албум „Кинеска демократија“. Конечно е определен и датумот - 23 ноември, кога и официјално албумот ќе ја види светлината на денот, а како во приказната со волкот и овчарчето, така беше и судбината со овој албум кој многупати досега требаше да излезе, но сепак не се случи тоа. Затоа и малкумина веруваат дека нависти на на 23 ноември ќе го дочекаат студиското чедо на Аксел Роуз и пријателите, очекување дополнително зачинето со фактот дека овој проект се снима, пишува и реализира речиси десет години. За таа намена медиумите известија дека синџирот „Бест бај“ ќе го нуди ексклузивно овој албум (за кој велат дека навистина вреди што се чекал толку време), а во низата маркетиншки трикови кои долеваа масло на огнот беше и идејата на безалкохолниот пијалак „доктор пеперс“ да понуди бесплатни тури за сите во Америка доколку овој проект се случи до крајот на годинава, освен за ексгитаристот Слеш и Бакетхед.



„Кинеска демократија“ од 13 милиони долари

Знаете ли што велат злобниците околу тоа зошто овој албум е толку баксузен? Затоа што чинел комплетно околу 13 милиони долари за да се создаде и дека се чека дури 13 години за да излезе. Инаку, долгоочекуваниот „Chinese Democracy“ Аксел го издава како шести студиски албум под етикетата на својот бенд „Ганс енд роузис“ и во историјата на бендот ќе биде заведен како прв проект по „Use Your Illusion“ од 1991 година. Човекот кој како верна сенка го следи на овој проект, познатиот Себастијан Бах, им шепна минатата година на медиумите (во улога на негов пријател и портпарол) дека ова е прв том од трилогијата која Аксел планира да ја издава со бендот. Во поставата што го придружува фронтменот на овој албум се неговите музичари-пријатели Дизи Рид на клавијатури, Роберт Финк на гитари, Томи Стинсон на бас, тапанарите Френк Ферер и Брајан Мантија, а тука се и гитаристите Ричард Фортус и Бамблфут. Иако меѓу Аксел Роуз и Бакетхед, сега веќе ексчлен, избувна огромна кавга што резултираше со отстранување од бендот, сепак, неговиот музички придонес на албумот ќе остане. Од познатите фаци кои го збогатија албумот со своето присуство, секако, се неговиот голем пријател Себастијан Бах, гитаристот на „Квин“ - Брајан Меј, Дејв Наваро, па дури верувале или не, со свој вокал учествуваше и кошаркарот Шекил О’Нил.

Интересна е изјавата на Слеш кој го коментира албумот на својот некогашен бендовски колега. Тој признава дека никогаш не би го слушнал пред неговото издавање, но откако некој му го донел, едноставно не можел да одолее и да не го слушне во својот автомобил. Слеш изјавува дека тоа е врвно направена плоча која не звучи воопшто како оригиналниот звук на „Ганс енд роузис“, но го има врвниот печат на тоа што е Аксел. Тоа е плоча која момците од бендот никогаш не би можеле да ја направат и само покажува колку е Роуз брилијантен и перфектен во тоа што се нафаќа да го работи, вели Слеш.

Многумина би рекле дека ова не е тој бенд што треба да биде и дека целава приказна не држи вода без преостанатите членови на легендарниот состав, а најмногу „пиштолите и розите“ немаат логика без главната оска - пејачот Аксел и гитаристот Слеш. Откако пукна тиквата меѓу нив, беа во отворена конфронтација со години, а Слеш изјави дека не зборувал со Аксел цели 12 години. Минатата година Слеш реши да ги израмни сметките и да ја прекине долгогодишната караница одејќи во неговиот дом. Ова не заврши како што тој очекуваше, а неговите грижи околу судбината на некогашниот заеднички состав „Ганс енд роузис“ се зголемија откако се најави можноста тие да биде овенчани во престижната Rock N Roll Hall Of Fame. По несогласувањата со Аксел, Слеш ја оформи групата „Велвет револвер“, во која се собраа сите членови на некогашниот состав, се разбира, освен главниот вокал Аксел Роуз, чија позиција до неодамна ја држеше вокалистот Скот Вајленд. Тие се разделија оваа година и останаа без вокал, најавувајќи потрага по нов пејач, не криејќи дека го посакуваат Крис Корнел или Лени Кравиц. Да биде иронијата поголема, од другата страна на приказната е само Аксел, кој го наследи славното име на бендот „Ганс енд роузис“, а ги нема главните музички ударни тупаници преку кои беше препознатлива нивната музика. Нивните фанови веќе типуваат и посакуваат нивните патишта да се спојат и повторно да се состави легендарната постава што ја сочинуваа Аксел Роуз, Слеш, Даф Мекеган и Мет Сорум.



Целиот товар на овие големи изневерени очекувања низ годините паднаа на плеќите на Аксел Роуз, кој стана вистински извор на контроверзија и жива цел на отворениот критицизам откако си заминаа оригиналните членови од бендот. Со фактот што тој не одржал ниту една јавна прес-конференција дури од далечната 1994 година само ги подгрева шпекулациите дека има голем психички проблем и убиствена невроза што ја крие, а неговата бескрајна перфекција го води кон огромни паузи меѓу албумите и љубоморно чување на новите снимки кои не смее никој да ги слушне. Којзнае како се почувствувал кога дознал дека пред почетокот на летото некои снимки од неиздадениот албум се пуштени илегално на Интернет од некои негови фанови. Целата работа експресно се заврши од неговиот менаџмент и инволвираните беа уапсени, а членовите на неговиот фан-клуб останаа мирни и ги испочитуваа неговите повици да не продолжи понатаму оваа бесмислена игра.



Непријатели со кои имаше јавни кавги

Велат дека оваа листа нема крај и дека се забележани само оние со кои јавно решил да се пресмета, а сето тоа произлегува од неговата невротична природа, ароганцијата и немањето скрупули. Легендарна беше караницата со Винс Нил, пејач на „Мотли кру“, во 1989 година, откако Винс му удри тупаница на Изи Стредлин зад сцената на доделувањето на наградите на Ем-Ти-Ви. На ова Аксел жестоко му возврати јавно, а Нил неодамна во едно интервју изјави дека нема прозборено со Аксел речиси 20 години.

Во голема кавга беше и со лидерот на „Нирвана“, Курт Кобејн, чиј голем фан беше и самиот Аксел Роуз. Токму поради си��патиите спрема бендот, го покани да им биде предгрупа на последната турнеја. Но, Кобејн го одби и дури продолжи да ги валка Аксел и бендот низ медиумите дека биле патетични, а тоа го стори и неговата непресметлива сопруга Кортни Лав. По многу години таа им се извини на членовите на „Велвет револвер“ поради тоа што некогаш го навредувала „Ганс енд роузис“. За кавгите и судските процеси со некогашните другари од „Велвет револвер“ и Слеш не треба посебно да се говори. Пред две години Аксел имаше конфронтација, па дури и физичка пресметка со познатиот моден креатор Томи Хилфигер во познат њујоршки клуб. Меѓу нив вриело повторно и на доделувањето на видеонаградите на Ем-Ти-Ви кон крајот на годината. Истата година тој влезе во конфликт и со американскиот состав „Eagles of Death Metal“, а позната е и неговата долгогодишна кавга со членовите на групата „Бон Џови“, особено со лидерот Џон Бон Џови. Во едно скорешно интервју, Бон Џови му возврати на старите подбуцнувања на Аксел говорејќи за него како за лузер кој има албум од 13 милиони долари што никогаш нема да го издаде.



Љубовите на Роуз

Во 1980-тите години тој беше во врска со Ерин Еверли, ќерка на познатиот пејач Дон Еверли, за која го напиша текстот на мегапопуларната песна „Sweet Child o' Mine“. Тој дури се венча со неа во 1990 година во Лас Вегас откако претходно отишол во нејзиниот дом со пиштол, велејќи и' дека ќе се убие доколку не се омажи за него. Ексцентрикот се разведе по помалку од месец, но двојката продолжила да живее заедно, при што Ерин забременила, но го загубила детето во спонтан абортус. Тоа длабоко го погодило Аксел кој сакал да стане татко. Љубовта завршила откако Ерин подоцна го тужела за физичко малтретирање кое паднало на суд. Роуз потоа беше и во врска и со познатиот модел Стефани Сејмур, која и се појави во видеата за „November Rain“ и „Don't Cry“, кои беа многу популарни. Тој бил особено приврзан кон синот на Стефани, па откако завршила и таа љубов, бил во длабока депресија. Од 1993 до 1996 година тој беше со манекенката Џенифер Драјвер, која се појави во спотот „Since I Don't Have You“, а потоа се објави дека се забавува со Дајан О’Конор, бивша жена на братот на Томи Хилфигер (што можеби беше и иницијална каписла за кавгата меѓу нив). Аксел го поврзуваа одредено време и со украинската убавица Саша Волкова.


Статијата е прочитана 394 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Слободна за секс
Новата љубов на Гај Ричи
Фатално кршлива седмата година од бракот
Дани се врати од Египет и од Тунис со химна против сидата
Секси враќање на сцената
Водителскиот квартет триумфално оперира
Колекција инспирирана од филмски диви
„Македонско девојче“ на Каролина во автентичен амбиент
Негативец само на ТВ-екраните
Жал за Боки