Број 2820  сабота, 25 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Свет

Ја изгуби жената и милијардите

Ако може да им се верува на експертите од „Форбс“, 25 најбогати граѓани на Русија веќе загубија околу 230 млрд. долари

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Колку точно загубија руските олигарси во сегашната финансиска криза се' уште нема официјални податоци, а најверојатно нема ниту да ги има бидејќи новопечените милијардери не сакаат јавно да зборуваат за тоа. Ако може да им се верува на експертите од списанието „Форбс“, 25 најбогати граѓани на Русија веќе загубија околу 230 милијарди долари. Изгледа дека најмногу настрада Олег Дерипаска кој според сите анкети и проценки во последниве две години беше најбогатиот граѓанин на Русија. Списанието „Смарт мани“ тврди дека Дерипаска загубил речиси 30 милијарди долари. На второ место е Владимир Лисин, сопственикот на огромниот металуршки комбинат во Новолипецк, кој поради падот на цената на акциите загуби 21,7 милијарди долари. На трето место на таа црна ранг листа е Алексеј Мордашов, еден од сопствениците на големиот металуршки комбинат „Северостаљ“. Акциите на тој произведувач на челик поевтинија за 16,6 милијарди долари.

Според проценките на експертите кои им помагаа на новинарите на списанието „Смарт мани“ да ја направат таа црна ранг листа по 15 милијарди загубија и познатиот Роман Абрамович, потоа Алишер Усманов, косопственик на „Металоинвест“ и мрежата за мобилна телефонија „Мегафон“ и Михаил Фридман, коспоственик на големата „Алфа група“. Сигурно ќе има загуби и најбогатата жена во Русија, Елена Батурина, сопругата на градоначалникот на Москва, Јуруј Лужков, чијашто компанија се занимава со градежништво. Токму таа гранка сега е во големи неволји бидејќи поради стопирање на кредитирањето многу инвеститори ги замрзнаа т.е сопреа проектите.

Што се однесува до најбогатиот Русин, како што пишуваат гламурозните весници, Олег Дерипаска освен парите ќе ја загуби и сопругата. Наводно тој се разведува од сопругата Полина, со која има две деца. Во круговите на богатите во Москва за тој развод се зборува веќе подолго време, бидејќи Олег се' почесто излегува сам, а Полина со своите пријателки. Всушност бракоразводната парница никој ја нема видено па сето тоа може да биде само озборување меѓу богатите и неработни Руси, но не е невозможно дека брачната двојка се заморила и сака промена. Во компанијата на Олег Дерипаска не сакаат воопшто да ги коментираат сториите за нивниот развод. Тоа е и логично бидејќи тие сега имаат могу поважна работа и се обидуваат да и докажат на руската и светска јавност дека бизнисот со кој раководи Олег Дерипаска не е сериозно разнишан.

Олег Дерипаска се запозна со Полина Јумашева на вечеринка во вилата на милијардерот Роман Абрамович. Свадбата беше на 17 февруари 2001 година, а озборувачките рубрики ја оценија како „свадба на векот“. Олег и Полина имаат две деца Петар (7) и Марина (5) кои во август годинава од страна на московскиот неделник „Финанс“ беа прогласени за најбогати деца во Русија. Полина е ќерка на Валентин Јумашев, некогашнен новинар на московскиот неделник „Огоњок“ и подоцна писател на мемоарите на Борис Елцин. Јумашев едно време беше и шеф на претседателската администрација, а кога Елцин замина во пензија Валентин се ожени со помладата ќерка на претседателот Тања Елцин, на која тоа и беше трет брак.

Полина има свој бизнис, раководи со една медиумска група „Форвард медиа груп“, издавачка куќа која објавува гламурозни неделници. Едно време играше тенис и наводно била многу талентирана. По средното училиште во Москова, таа има заврено колеџ во Милфорд, а потоа се врати во Русија и дипломиреаше на Високата школа за економија.

Нејзиниот сопруг Олег Дерипаска, сопственик на холдингот „Базен елемент“ почна да се занимава со бизнис во 1996 година и од тогаш па досега ја надгледуваше империјата која се рашири и надвор од границите на Русија. Само за пример во Црна Гора го купи „Комбинатот за алуминиум Подгорица“. Со раководството на Црна Гора сега Дерипаска се суди и бара надокнада забележително повисока од цената по која беше купен тој комбинат од Подгорица, бидејќи наводно бил измамен.

Холдингот „Базен елемент“ е регистриран на британските Девствени Острови. Тој холдинг на чие чело Дерипаска владее меѓу останатите и со контролен пакет акции и во компанијата „Руски машини“, потоа автомобилската група „ГАЗ“, сопственик е на 56 отсто од акциите во „Руски алуминиум“. Дерипаска купуваше и странски градежни компании „Старбаг“ и Хохтив и други. На кајот од минатата година „Базен елемент“ имаше 2,8 милијарди долари долгорочни кредити и 3,36 милијарди краткорочни кредити. Дерипаска успеваше како човек близок на Кремљ и на владата да добива кредити се' додека во светот не се случи финансискиот хаос.

За Олег Дерипаска сега во Русија најчесто се пишува бидејќи тој најмногу го надувал својот деловен балон. Меѓутоа, многу преамбициозните и недоволно реални сопственици на „КИТ-финанс“, потоа „Свјаз-банка“ па „Собин банка“ како и многу амбициозната „Глобекс банка“ мораа да кренат бело знаме и нивниот имот сега го спасува државата.

Банкарот Александар Лебедев вели дека сега никој од бизнисмените не сака да каже колку загубил. За проблемите главно се дознава од весниците. „Не треба да се плаче над судбината на олигарсите. Ако некому му останале пет милијарди долари, наместо досегашните 20 “, објаснува банкарот Александар Лебедев.

Да потсетиме кризата во 1998 година повеќе ги погоди обичните граѓани. Многу олигарси тогаш на време ги префрлија своите пари на Запад или со помош на своите врски сочуваа приличен дел од богатството. Сега многу економисти предвидуваат дека до пролет поголем број на олигарси ќе го намалат своето богатство бидејќи си играа со ефтините западни кредити кои сега не можат да ги вратат бидејќи таму скокнаа каматите.

Потпретседателот на руската влада, Игор Шувалов вели дека државата ќе им помогне на оние компании кои имаат „стратешко значење“. Ако треба привремено ќе ги купи нивните акции, но тоа не значи дека тие засекогаш ќе останат државни. Целта на руската влада е јасна, таа не сака да дозволи на распродажба за мали пари странци да дојдат до перспективни компании. Во тоа Дерипаска и други руски милијардери ја гледаат својата шанса со помош на државниот појас за спасување да испливаат и не ги потонат сите во сегашната финансиска бура која направи големи бранови.


Статијата е прочитана 1392 пати.

Испрати коментар

Од: . AUSTRALIJA
Датум: 25.10.2008 10:59:14
Odprocitanovo sto gledam kako najgolemite svetski dileri koi se zanimavaat so ovaaigra (BERZA) seto ova e kakobas tie najbogati kompanii sega mozat na vakov nacin da im gi soberat parite na novo pecenite milijarderi ,e togas ce bide (GLOBALNA EKONOMIJA) koga sve ce bide nivno .Rusija neka ne gi pokriva nivnite zagubi oti i samata drzava ce e osiromasat parite se tuka no vo nivni kapital .
Од: ekonomist
Датум: 26.10.2008 12:13:18
Ova e samo informacija(propagandna,antriruska)za problemite na golemite kompanii,megjutoa koga se pravi analiza ili informacija od ovoj del,treba da se kaze kolku izgubile milijarderite od EU,Amerika i Kina. So ova avtorot saka da im kaze na lugjeto od Zapad"ne se sekirajte ne gubime samo nie i Rusite gubat(gi povlekovme nadolu)".
Од: Roma
Датум: 26.10.2008 17:35:14
A dali nekoj se zaprashal kako gi napravija tie milijardi dolari od 1996 god pa do sega? Se e toa od grabanje opshtestven imot, perenje pari i tn. Za niv milijardite se sitnish, prashajte gi obicnite Rusi kako ziveat.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Европската унија ги обнови односите со Куба
Убиени 713 новинари од 1992 година
Мафијата уште еднаш ја погоди Хрватска
Француската морнарица зароби деветмина сомалиски пирати
Уапсени четворица можни напаѓачи врз „Мериот“
Кој кого предаде? Чесите му судат на Кундера
Машката судбина на албанските „заколнати девици“
Бугарите се плашат од Американците
Уште еден грчки министер поднесе оставка
Уставниот суд на Турција нема да ја забрани владејачката партија