Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Доживотен затвор за серискиот убиец Виктор Карамарков

Судот донесе одлука дека скопјанецот е виновен за четири убиства и за два обида за убиство

Љубиша Станковиќ

Виктор Карамарков е осуден на казна доживотен затвор поради четири убиства на жени и два обида за убиство во главниот град. Ваква одлука донесе вчера Судскиот совет на Основниот суд Скопје 1, кој го раководеше судијката Цветанка Пери��. Судот одлучи Виктор Карамарков да остане во притвор до изрекување на правосилна пресуда.

Во елаборацијата на пресудата судијката Периќ рече дека одлуката е донесена врз основа на направена анализа на доказите што биле изведени во текот на постапката. Од нив судот можел да го утврди начинот и местото каде што биле извршени злосторствата, како и од исказите на сведоците што го виделе скопјанецот пред извршувањето на убиствата и потоа. За најдените траги од крв на секирата, со која Карамарков ги убивал своите жртви, анализите покажале дека се од убиената Елена Миова, а синтетичкото влакно е од алишта што ги носел Карамарков.

Судот вчера ги потсети присутните дека скопјанецот двапати во целост ги опишал нападите на жените, но дека на главниот претрес тврдел дека не се сеќава и се бранел со кажување дека одел по куќи за да бара пари за неговата, наводно, болна мајка. За судот нема дилеми дека Карамарков питачел, но парите што му биле давани тој ги трошел за набавка на наркотични дроги. Всушност, токму неговата одбрана, според која, тој не се сеќава на убиствата, за судот е недоволно уверлива дотолку повеќе што стручно лице потврдило дека тој бил пресметлив во моментите додека убивал.

Сега осудениот Карамарков во Истражниот затвор „Скопје“ е од 11 ноември откако беше поведена кривична истрага за серијата убиства што ги сторил од февруари до крајот на октомври минатата година. Првично тој се товареше дека со секира ги усмртил Љубица Христовска, Босилка Красоевиќ, Вера Богоевска, Саније Сулејмани и Елена Миовска, а дека се обидел да ги усмрти и Марија Атанасовска и Смиља Петровска, од кои одземал златни предмети, кои ги продавал и со парите купувал дрога.

Во завршниот збор јавниот обвинител ја повлече точката од обвинителниот акт со која Карамарков беше обвинет и за смртта на Босилка Красоевиќ, па на крајот место за седум, тој се товареше за шест кривични дела.

Во текот на целата постапка Виктор Карамарков смени тројца бранители. Последниот во низата бранители, скопскиот адвокат Сашко Дукоски, најголеми забелешки изнесе на сметка на неговите претходници. Тој во завршен збор рече дека тие постапувале како стручни соработници на обвинителот, бидејќи и покрај отсуството на релевантни докази, тие побарале од Карамарков да ги признае сите дела.


#
Статијата е прочитана 945 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Шампањ и солзи
Тиквешански
Говор со празни фрази за ЕУ
И Бразил влезе во математичкиот фудбал
Болните од леукемија умираат, државата ништо не презема
Новогодишна еуфорија
Почина актерот Беким Фехмиу
Наезда од крлежи во парковите
Марадона
Послушните политички визионери
Прва победа на Чиле на мундијалите по 48 години
Радоста кратко траеше, нема евтини кредити
Здравството пропаѓа пред очите на сите граѓани
Карикатура
Моторџиски плакат повикува на дискриминација?
Туристите во шок, снег во Јужна Африка
Косово бара масовни гробници, Македонија демантира
Исламистите го забранија СП