ЕН ХAТAВЕЈ

Слободна за секс
Додека нејзиното поранешно момче ја очекува пресудата за издржување на затворската казна, актерката Ен Хaтaвеј открила дека го ужива статусот на слободна девојка.
Сепак, како секоја жена, своите биолошки потреби ги задоволува со засега непознат маж, кој редовно ја посетува.
„Постои личност од Лос Анџелес која моментално ми одговара. Кога ќе помислам на секс, помислувам на него“, открила актерката за магазинот „Пипл“, додавајќи дека со тоа не го променила статусот на слободна девојка.
Ен Хaтaвеј наскоро ќе поминува многу повеќе време со Џони Деп, бидејќи набрзо започнува снимањето на филмот „Алиса во земјата на чудата“, каде што и' е доделена улогата на Белата Кралица.
Хaтaвеј во една пригода истакнала дека Џони Деп е навистина најзгоден маж на планетата и дека во негова близина не знае да се контролира.
„Се надевам дека нема да паднам во несвест. Носам корсет, што само по себе е навистина тешко, бидејќи да се носи таква гардероба и да се биде во близина на Џони Деп, според мене, е најтешката улога досега. Многу е тешко да се задржи рамнодушноста, зар не“, констатирала Хaтaвеј.
Во меѓувреме, нејзиниот експријател Рафаел Фолиери се наоѓа во притвор, бидејќи е обвинет за перење пари и финансиска измама, а колку долго време ќе остане таму, останува да се почека одлуката на судот. |