Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Стечајците ќе останат без пари

Пратениците од мнозинството нема да го поддржат законот за нивно обезбедување предложен од опозицијата

Стечајците кои секоја недела протестираат по улиците низ Скопје, барајќи свое материјално обезбедување, сепак, ќе останат без парична поддршка. Ова стана повеќе од јасно откако вчера парламентарното мнозинство најави дека нема да го поддржи Предлог-законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизацијата на претпријатијата со општествена и државна сопственост. Иако пратениците од власта прифатија да расправаат за ова прашање, сепак, на првото читање на предлогот во собраниската Комисија за финансирање и буџет поднесен од група пратеници од опозицијата, тие беа категорични дека државата доволно направила за стечајците.

Според Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство смета дека предлогот се поднесува од дневно-политички побуди и за ситни поени. Тој смета дека креатор на криминалната приватизација е лидерот на СДСМ, а и дека потребните средства за овој закон не може да се обезбедат, бидејќи земјата е значително зафатена од светската економска криза. „Ниту е време, ниту е момент, ниту вашата идеја е вистинска како овие граѓани да се згрижат во ова време, во кое сега функционира македонската економија. Од тие причини ние како парламентарно мнозинство нема да го поддржиме законот“, рече Мукоски.

Тој потсети дека со законот за стечајците што го донесе ВМРО-ДПМНЕ се решил статусот на поголемиот дел од засегнатите лица. Според него, со својата економска политика Владата водела грижа за социјално загрозените категории, со оглед дека над 80 отсто од буџетот се за социјални трансфери.

Марјанчо Николов од СДСМ, пак, истакна дека со законот треба да се реши статусот на лицата што останале без работа поради приватизацијата и да им се обезбеди паричен надоместок во висина од 30 отсто од просечно исплатената месечна нето-плата по работник во Македонија за претходната година. Според него, со законот ќе бидат опфатени околу 10.000 лица што останале без работа по основа прогласување стечај, ликвидација или технолошки вишок во претпријатијата во кои работеле, при што за негово спроведување за 2010 година ќе бидат потребни 12 милиони е��ра од буџетот на државата. Со законското решение се предлага да бидат опфатени невработените лица, кои на денот на стапување на законот во сила имале најмалку 15 години стаж на осигурување или старост од 50 години за жени и 53 години за мажи. Николов посочи и дека бараните средства се само шест проценти од вредноста на проектот „Скопје 2014“. „Имате можност сега вистински да покажете дека се грижите за народот на Македонија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека им должи само на граѓаните. Овие 10.000 стечајци се граѓани на Македонија и ако сте искрени во она што го зборувате, дека единствено кон нив имате долг, имате можност тој долг да го вратите“, рече Николов, дополнувајќи дека со законот ќе се затвори прашањето за социјалната компонента од неправедната транзиција во државата. (А.С.)


#
Статијата е прочитана 532 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.06.2010 06:25:23
Стечајците треба уште малку да се стрпат,ене каде е ноември.Распишување на избори и во јануари или фебруари 2011 год.виножитните опа во власта и проблемот решен.Дали во еуфоријата од освоенета власт ќе се сетат на ветувањата е друго прашање.Инаку треба да им се верува оти се многу познати да држат до ветувања,во минатото многу пати тоа го докажаа.Србите имаат една соодветна поговорка,,држи воду док мајстори оду,,
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 17.06.2010 07:46:36
Нека продолжат со глупостите околу спомениците и мостови .Луѓети не се важни? Срамота.

Најди! во Утрински
Економија
Радоста кратко траеше, нема евтини кредити
Клима-уредите ја запалија струјата
„Икеа“ ја одбра Србија
Паѓа рејтингот на банките во Грција
Македонија и БиХ сакаат повеќе да тргуваат
Казна за високиот буџетски дефицит
Французите постари ќе одат во пензија