Се гради канализација за гостиварското село Чегране
ГОСТИВАР - За деведесет дена се планира да заврши првата етапа од изградбата на фекалната канализација за гостиварското село Чегране. Со проектот за овој значаен комунален зафат, 10.000 жители на Чегране, кое е најголемо село во државата, ќе разрешат долгогодишен проблем што им создава големи неприлики во секојдневното живеење.
Во првата фаза ќе бидат изградени колектори и главна мрежа во должина од 11 километри. Идната година се планира работите да продолжат и да завршат со поставување на целата канализациска мрежа. Изградбата на пречистителната станица ќе се реализира кога ќе се обезбедат потребните средства.
За првата етапа ќе бидат потрошени околу 32 милиона. (К.К.) |