Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мушараф поднесе оставка на функцијата претседател

Соочен со можноста за импичмент, вознемирениот Первез Мушараф вчера на ТВ го објави своето повлекување

ИСЛАМАБАД - Соочен со понижувањето од гласањето доверба, поранешниот воен командант Первез Мушараф вчера се повлече од функцијата претседател на Пакистан, бидејќи ја загуби политичката поддршка и поддршката кај народот, па дури и поддршката од САД.

Вознемирениот претседател Первез Мушараф вчера го објави своето повлекување, соочен со можноста за импичмент од страна на владејачката коалиција. Поранешниот воен командант и цврст американски сојузник во последниве 18 месеци забележа пад на популарноста и е во изолација откако неговите сојузници претрпеа пораз на изборите во февруари. „По консултациите со правните советници и блиските политички поддржувачи, донесов одлука да поднесам оставка“, изјави Мушараф во телевизиското обраќање. „Мојата оставка веќе денес ќе биде доставена до спикерот на националното собрание“.

Коалиционата влада, предводена од партијата на поранешната премиерка Беназир Буто, која беше убиена, соопшти дека на 8 август планирале да поведат постапка за импичмент на Мушараф. Моќната армија, која беше на власт повеќе од половина од 61-годишната историја на земјата, јавно не се мешаше во контроверзиите околу нејзиниот стар шеф. Не се очекуваат безредија како последица на оставката на се' понепопуларниот лидер.

Пролонгираното маневрирање и несигурноста околу позицијата на Мушараф им нанесоа штети на пакистанските финансиски пазари и ги зголемија загриженостите во Вашингтон и меѓу другите сојузници дека тоа е одвраќање од напорите за контрола на насилните милитанти во државата која поседува нуклеарен арсенал. Владејачката коалиција подготви обвиненија за импичмент на Мушараф, кои се фокусираат на непочитувањето на Уставот и лошо раководење со земјата. Официјални претставници на коалицијата се надеваа дека Мушараф ќе се повлече за да се избегне импичментот, додека, пак, некои сојузници изјавија дека тој треба барем да одговара за обвиненијата изнесени против него пред да се повлече целосно.

Официјални лица од Саудиска Арабија, како и од САД и Велика Британија, се инволвирани во преговорите, чија цел е да се оконча конфронтацијата меѓу Мушараф и владата. САД, кои се потпираа на Мушараф за пакистанска помош во кампањата против тероризмот, соопштија дека за иднината на Мушараф треба да одлучуваат Пакистанците. Американската државна секретарка Кондолиза Рајс во неделата изјави дека Мушараф беше „добар сојузник“, но одби да каже дали ќе му биде доделен азил во САД ако се повлече од функцијата.

Мушараф дојде на власт со воениот удар во 1999 година, но е во изолација откако неговите сојузници загубија на изборите што се одржаа во февруари. Тој е роден на 11 август 1943 година во Њу Делхи. Мушараф пристигна со своите родители во Карачи, првиот главен град на Пакистан, еден ден по поделбата на Индија во 1947 година. Како војник од кариера, Мушараф доаѓа на власт со воениот удар во 1999 година, беше близок сојузник на САД во борбата против тероризмот и за влакно ги преживеа обидите за атентат планирани од Ал Каеда. Неговите непријатели велат дека тој го предал исламот со тоа што потклекнал под американскиот притисок за напуштање на поддршката за талибанската власт која им даваше засолниште на припадниците на Ал Каеда во Авганистан по 11-септемвриските напади во 2001 година врз САД. Тој верува дека го спасил Пакистан. Американската влада вложи повеќе од 11 милијарди долари во Пакистан, главно во нејзината армија, и очекуваше Мушараф да покаже резултати. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 160 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Куршумот од Балтимор и овдешните желки
Во болниците ќе нема лек со доплата
Македонија не смее да го изгуби чекорот за НАТО
Воени хеликоптери го гаснат пожарот на Беласица
Претходен број
Русите се повлекуваат од Јужна Осетија
Зденко
СДСМ дебатира за лидер, но Црвенковски веќе ја зеде палката
Добри и лоши момци
Зошто Белград молчи?
Пензиската афера ја тресе Битола
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за четири денари
Пекинг 2008
На Трауматологија се појави опасна бактерија
Хипнотизам и бриканизација
Кина- Да се учи од другите – за да се надминат
Verbatim

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.