Брoj 2819  петок, 24 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

МАГАЗИН

Фатално кршлива седмата година од бракот

Мадона и Гај Ричи пробаа се' - и забрзан курс по кабала и брачен советник, и деца. Едноставно си се одмилија

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

Не толку одамна, во 2000 година, британскиот режисер Гај Ричи ја откачи својата тогашна девојка Тања Штрекер, мазно изговарајќи ги зборовите: „Знаеш, многу те сакам. Ама таа е Мадона“. Оваа несмасна реченица што веќе стана историја ја искористи Роби Вилијамс за песната „She is Madonna“. И потоа речете дека од се' не може да се направи песна или книга. А во подраматични случаи и - разделба.

Веста за разводот на славната холивудска двојка не ја шокира јавноста. Имено, веќе подолг период се слушаа разни приказни за празни брачни постели, за молкот меѓу сопружниците и за недоверба. Се знаеше дека нешто шкрипи во куќата на Ричиевци и дека картите ќе се отворат до Божик.

Испадна многу побрзо. И на двајцата им пукна филмот и сосема исчезна прагот на толеранција. Се' што беше интересно до пред неколку години, предизвикувачки (јадење со прсти, сркање супа, утрински долги будења и џогинзи), стана наполно - одвратно.

Седмата година на бракот треба да се одбегнува или да се прескокнува. Таа – седумката е апсолутен баксуз. По седум години, треба да се менува работно место, да се бараат нови содржини, а некои одат и подалеку - ја менуваат крвта, ако веќе не можат мислите.

И Мадона и Гај си имаат свои приказни, и кога ќе се тргнат рефлекторите, кога ќе ги снема новинарите, и тие се само луѓе, и на нив, дефинитивно, не им е сеедно. И покрај тоа што Мадона на последниот концерт на 6 октомври во Њујорк двосмислено кажа дека „не и' е жал“, и дека, кај и да е, кралицата ќе го напушти кралот.

Точката на вриење ја препознаа и двајцата по сознанието дека не можат да се истрпат во иста просторија. На роденденската забава на Гај, како што вредно известуваше лондонскиот „Дејли меил“, сега веќе бившата сопруга не успеала да поседи повеќе од половина час. И за тоа време не се ослободила од фацата „ќе исповратам“, па си отишла дома со децата.

Историјата на оваа сега горчлива љубов почнува во 1999 година на забава кај Труди, сопругата на Стинг. Десет години помладиот режисер не можел да тргне очи од кралицата на попот.

Гај е момче со манири – носи манжетни, јава коњи, игра поло, и ги почитува родителите, па во склоп на воспитанието џентлменски сакал да почека неколку дена. За да тргне во лов на Мадона. Ама, палавата Италијанка, целосно предадена на девизата „сега и овде“ во свој стил уште истата вечер му ги свртела и мислите и- што се' не. Весниците веруваа дека ова е комбинација што добива - десет години помлад маж значи дека кралицата ќе биде секогаш во топ-форма, неговата смиреност ќе ја облагороди, исто како и него - нејзината страст. Што ќе го разбуди во вистинска смисла на зборот. Една година подоцна, среќната тројка се фотографира со синот Роко, а мајката наместо жартиери и корсети, позира во елегантни фустани со должина под колено. Таа го заборави минатото и, како вистинска жена, почна да прави се' што би го расположило нејзиниот сакан и што би ја разубавило иднината.

За таа цел пишува и книги за деца. Идилично и пасторално. Кога ќе се сретнат маж и жена, љубовта се чини гори како да има километарски фитиљ. Двојката се венчава во Шкотска во замокот Скибо, и тоа е прв брак за Гај, а втор за Мадона (во осумдесеттите беше омажена за Шон Пен). Но, и двајцата беа на седмо небо. Како по прв пат да ја откриваат љубовта.

„Таа се омажи од сосема други причини“, ја кодошат пријателите Мадона. „Гај не е човек каков што таа го замислуваше...“



Но, да се вратиме на минатото. Во 2001 година, Гај ги има сите конци во однос на видеопродукцијата на својата драга. Го режира спотот „What it feels for a giril“, прилично контроверзен, што се емитува само по полноќ.

По системот ти мене јас тебе, Мадона веднаш враќа услуга, појавувајќи се во неговиот кус филм „Стар“, а во 2002 година Гај се обидува со улога на Супермен. Знаејќи колку сака да глуми, и' ја дава главната улога во „Swept Away“, што помина, погодувате, очајно. Потоа плановите од работа се префрлуваат дома. Заеднички договор е да го зголемат семејството и да посвојат момченце. Црномурниот Дејвид Банда од Малави.

Кризата доаѓа ненајавено како летен дожд. Мадона, не е тешко да се претпостави, не е со виклери на глава и со престилка наведната над шпоретот. Значи, не се запоставила, туку напротив. Г-ѓата е опседната со минливоста на времето и со со својата кариера. Постојано е во теретана и за се' друго - нема време или е уморна. Класика. Само што овој пат наместо машка, испадна дека се работи за женска приказна.

Никој нејќе разделби, па двојката цврсто решава да ги смени нештата. Одат на одмори. Шопингуваат. Отвораат паб. Нивниот брачен советник имаше идеја да прават работи што ќе ги поврзуваат. Џабе.

Откако се потроши страста, го снема чувството за другиот. Ни курсот на кабала на Менхетен, како што пишуваше „Њујорк пост“ не смени ништо, ниту ја врати љубовта. Ниту делче.

Тогаш се направи друга стратегија - парот да се разведе пред Нова година, на нивната осма годишнина. Идејата беше на Мадона, за да не и' се наруши концентрацијата за време на турнејата „SticksиSweet“. Ама кавгите ги забрзаа нештата... Секако, интересен момент беше и приказната за тајната врска на Мадона со играчот на безбол Алекс Родригез. Исто како и ветување дека ќе остане дама до крај, ама не можеше да си избега на своите корени, па довчерашното „срце“ го нарече „ментално ретардиран“ на концертот во Бостон пред 20.000 публика... За да не и' „киднат“ парите, Мадона не вртеше тарот. Ја ангажира познатата адвокатка Фиона Шаклетон, која му помогна на Пол Макартни во разводот со Хедер Милс.

Претставничката на Мадона за печатот, Лис Розенберг, во име на ексбрачната двојка, ги замоли новинарите да ги остави намира, за да се соземат од емотивниот шок. Наводно, валканите алишта нема да се вадат пред очите на јавноста.

Флегматичниот Гај моментално ги стопира сите обврски - го прекина снимањето на филмот за Шерлок Холмс и од Франција се врати во Лондон да побара мир и разбирање од своите родители. Веќе се исели од куќата, вредна седум милиони фунти, сместена во близина на Оксфорд стрит во Лондон, и се лоцира на својот имот во Вилтшир.

Богатството на двојката се преценува на околу 525 милиони долари, од кои 35 се на Гај. „Оние што го знаат, најмалку од се' го нарекуваат ловец во матно, знаејќи колку е горд и свој. Мадона, која минатата година се запиша во куќата на славните на рокенролот, за време на 25-го��ишната кариера продаде 200 милиони албуми. Патем, влезена е во Гинисовата книга на рекорди како најуспешна музичарка на сите времиња

Таа со трите деца за животна дестинација го одбра Њујорк, уморна од квазилондончаните. Сликите од Дали и портретот на Наполеон од Жак Луи Давид висат на ѕидовите на новата куќа уште од пред два месеца.

По се' изгледа, разделбата уште од поодамна се случи во нивните срце.

Се' друго е веќе видена приказна.


Статијата е прочитана 980 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Слободна за секс
Новата љубов на Гај Ричи
Дани се врати од Египет и од Тунис со химна против сидата
Секси враќање на сцената
Будење на пеколната машина
Водителскиот квартет триумфално оперира
Колекција инспирирана од филмски диви
„Македонско девојче“ на Каролина во автентичен амбиент
Негативец само на ТВ-екраните
Жал за Боки