Момчиња нападнати со ножеви на улица
ТЕТОВО – Дваесет и двегодишните В.З. од Тетово и А.З. од селото Мерово, Тетовско, во неделата вечер биле пресретнати и нападнати со ножеви од тројца напаѓачи. Околу 22,30 часот, двајцата се движеле по булеварот „Маршал Тито“, кога биле пресретнати од напаѓачите, кои по вербалната расправија, извадиле ножеви и ги расекле момчињата. (Г.Е.) |