Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Узурпирани тротоари на две улици во Гостивар

ГОСТИВАР - Инвеститорот на трговскиот центар што се гради на аголот на булеварот „Гоце Делчев“ и „Илинденска“ во Гостивар ги узурпира тротоарите на двете фреквентни сообраќајници. Со бетон ја подигнува височината на тротоарите за околу половина метар.

Гостиварци реагираат на самоволието на инвеститорот „Гетро“, бидејќи пешачкиот простор, кој повеќе од две години беше заробен поради изградбата, сега сопственикот го пренамени за трговскиот центар. Тие сметаат дека е голема дрскост да се посегнува по државен имот, наменет за сообраќајни комуникации и тоа во центарот на градот.

Како што неофицијално дознаваме, трговскиот центар ги пречекорил димензиите на градежната линија, што е спротивно со важечкиот ДУП за овој урбан блок.

„Мислам дека тротоарите нема да бидат узурпирани, туку ќе бидат изградени според сите европски стандарди“, убеден е гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта. Тој коментира дека секоја нова работа граѓаните ја примаат негативно, а кога ќе ги видат добрите работи, тогаш ќе прифатат. Така, вели Бејта, ќе биде и со овие тротоари.

Гостиварци сметаат дека локалната самоуправа им дозволува на одделни инвеститори да бидат урбанисти и да менуваат урбанистички решенија во градот по нивно наоѓање. Тоа придонесува да завладее невиден хаос во градежништвото. (К.К.)


Статијата е прочитана 167 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во болниците ќе нема лек со доплата
Можен е штрајк ако Собранието не се премисли за Законот за работни односи
Пензиската афера ја тресе Битола
Инспекцијата за труд затекна 941 непријавен работник
Водостопанство „Брегалница“ половина година без плата
Се гради канализација за гостиварското село Чегране
Ќе се гради нов студентски дом со 600 легла во Скопје
Паричен надомест од државата побарале 6.553 стечајци
Управата за спречување перење пари ќе санкционира шест банки
Оптички кабел на линија Скопје - Кичево
Од утре втор уписен рок во средните училишта
Хуманитарен сунет за ромските деца

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.