Дејан Христовски
кулинар
Се надевам дека денес најпрво добро ќе се наспијам, а потоа заминувам на кафе со пријателите. Попладнето го минувам во мојата пицерија каде што, нормално, ќе правам пици и ќе уживам во работата. Бидејќи сум голем филмоман, вечерта ќе ја искористам за да погледнам некој добар филм.
Александра Рациќ
сликарка
Деновиве сум во Македонија поради интернационалниот ликовен караван 2005-2010, каде што првпат излагам на тема "Звуци на животниот ритам". Отворањето е закажано за 23 август во КИЦ "Браќа Миладиновци" во Струга, по што караванот продолжува во неколку градови низ Македонија, Србија и Америка. Покрај тоа, учествувам и на ликовната колонија во Пелинце, која почна вчера, а ќе трае до 28 август.
Росана Петревска
портпаролка на АМСМ
Деновиве јас и мојот свршеник Коки сме на мини-одмор на Ханиоти, каде што ќе останеме до четврток. Денешниов ден ќе го искористам за да се релаксирам и да прочитам добра книга на плажа. Вечерните часови, пак, се резервирани за прошетка, а можеби и за мини-шопинг. |