Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Фармерите се премислија - не се откажуваат од штрајк

Битола - Македонските фармери се премислија, не се откажуваат од предупредувачкиот штрајк, најавен за утре, иако викендов во Битола беа катагорични дека постигнале договор со млекарниците за откупната цена за што посредуваше Владата. Пелагониските фармери тврдат дека информациите што беа пласирани во медиумите за надминување на млечната криза не се точни затоа што тие не се согласуваат литар сурово млеко да им биде плаќано под 29 денари и не го прифаќаат ставот на Владата цената да се движи од 19 до 29 денари за литар.

,,Фармерите на 20 август ќе организираат предупредувачки штрајк со бојкот на откупот на млекото и блокирање на центрите низ целата држава , бидејќи не сме задоволни од цената што ја понудија млекарниците“, изјави вчера во Битола, Бранкица Мавчева од ФФМ.

На прашањето дали се работи за раскол меѓу фармерите, бидејќи нивниот претседател Ѓоко Данаилов во саботата јавно го поздрави предлогот н а Владата за плаќање на млекото според квалитетот, со напомена цената да не биде пониска од 20 денари, Мавчева вели дека тоа било недоразбирање. „Не станува збор за раскол, туку за лично недоразбирање, бидејќи млекарниците се обврзаа да работат според правилникот за откуп на млеко, а не се придржуваат, зашто на фармери им се плаќа дури и по 11 денари за литар млеко. Ние бараме 29,37 денари за минимум квалитет на млекото. Министерството најверојатно немаше целосна информација за состојбите во млекопроизводството “, објаснува Мавчева. Фармерите сметаат дека, за да им се исплати нивната мака, но и трошоците на млекарниците, млекото треба да се продава според европски цени.

Доколку утре се оствари предупредувачкиот штрајк на фармерите, непредадени ќе останат неколку стотици тони литри млеко кое дневно го откупуваат четирите големи млекарници во државата. (А.Б.)


Статијата е прочитана 217 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за четири денари
Законот за енергетика може да ја чини државата стотици милиони евра

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.