Французите постари ќе одат во пензија
Француската влада ќе ја зголеми возраста за пензионирање од 60 на 62 години, рече министерот за труд и социјална политика, Ерик Ворт, откако го обелодени планот за измена на пензискиот систем. „Неопходно е да го спасиме нашиот пензиски систем. Старосната граница за пензионирање мора да се зголеми. Тоа е. Нема магично решение“, изјави Ворт.
Разговорите за зголемување на возраста за пензионирање беа забранета тема во Франција. Правото за добивање пензија на 60-годишна возраст е воспоставено во 1982 година, а овој закон беше наследство од власта на претседателот-социјалист Франсоа Митеран.
Поради тоа, завчера десетици илјади Французи протестираа во Париз поради претстојното прогласување на пензиските реформи. Според органите на редот, 23.000 луѓе биле вклучени во протестот во источен Париз, а синдикатите најавија 70.000.
Францускиот претседател, Никола Саркози, потврди дека владата планира да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија, но не изнесе повеќе детали. Саркози појасни дека Французите во денешно време живеат 15 години подолго од 1950 година. „Ако живееме подолго, мораме и да работиме подолго“, изјави францускиот претседател. (Ек.Р.)квадратни метри. (Мк фондови)
|