Финале: Бразил-САД

Во реприза на мундијалското финале Бразилките го декласираа светскиот шампион Германија со 4:1
Бразилскиот тим е прв финалист на женскиот фудбалски турнир во Пекинг. Во реприза на ланското мундијалско финале Бразилките го декласираа светскиот шампион, Германија, со 4:1 и во мечот за олимписката титула ќе се пресметаат со подобриот од второто полуфинале меѓу репрезентациите на Јапонија и САД. Стрелци на погодоците за Бразил беа Формига во 43 минута, Кристијане во 49 и 76, Марта во 53, почесниот гол за Германките, со кој поведоа на средбата, беше дело на Принц во 10 минута.
Бразилките во текот на олимпискиот турнир беа доста ефикасни, постигнаа три гола повеќе од нивните противнички во полуфиналето, а својата голгетерска форма ја потврдија и вчера. Кон крајот на првиот дел успеаја да израмнат на 1:1, но сосема поинаква слика на теренот во продолжението. По 15 минутниот одмор, на теренот, излегоа самоуверени, почнаа да напаѓаат притискајќи ги Германките во нивниот казнен простор. Како резултат на тоа во 49 минута Бразилките дојдоа во водство со 2:1 со голот на Кристијане која изби на првата позиција на листата на стрелци на олимпискиот турнир. Само четири минути им требаа на „кариоките“ и да ја удвојат предноста. Прецизно стрелаше Марта која со третиот гол во Пекинг и' обезбеди чувствително водство на својата селекција. Судбината на Германките беше запечатена во 76 минута со вториот гол во мечот на Кристијане, нејзин петти на ОИ во кинеската престолнина.
Ова е прва победа на Бразилките над Германките на олимписките турнири. Досега овие две репрезентации одиграа четири меча на ОИ. Два завршија во корист на Германија, а во два немаше победник од кои едниот беше во фазата по групи на овие Игри.
Бразилките по втор пат во низа ќе играат во меч за златен медал на Олимпијадите, откако во Атина загубија од репрезентацијата на САД. Германките, пак, ќе имаат можност да го одбранат бронзениот медал од Игрите во 2004 година.
Во второто полуфинале, Американките беа убедливи против Јапнија и славеа со 4:2. Поведоа Јапоникте преку Шинобу, а со два гола на Хјудс и Чалапни и Рејли САД направи пресврт. |