Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Раде Силјан добитник на наградата „Велја кутија“

Манифестацијата „Македонски духовни конаци“ се одржа по десетти пат во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Струга

Невена Поповска

Викендов во Струга, во дворот на црквата „Св. Ѓорѓи“, се одржа десеттото издание на манифестацијата „Македонски духовни конаци“. Традиционалната награда „Велја кутија“ за книгата „Сенки над татковината“ ја доби писателот Раде Силјан, а наградата „Духовен воин“, која се доделува за афирмација на македонското творештво и идентитет, постхумно ја доби академик Никола Кљусев и познатиот балканист и македонист Виктор Фридман, професор на Универзитетот во Чикаго.

„Книгата е практично еден вид рекапитулар на мојата тематска преокупација посветена на сенката и татковината“, рече наградениот автор Раде Силјан по повод доделеното признание. „Сметам дека со овој прилог, што го вградувам во општите текови на македонската литература, испишувам еден вид сопствена биографија, испишувајќи ја и биографијата на сопствената татковина“.

Професорката Вера Антиќ, македонист и соработник на професор Фридман, изјави: „Виктор Фридман е суштински поврзан со Македонија, со нашата лингвистика, со нашиот јазик, со нашата поезија, со нашиот народ. Дури и на еден конгрес во Колумбос, на Универзитетот Охајо, тој толку се поистовети кога еден научник го нападна македонскиот јазик, нарекувајќи го како дијалект на бугарскиот, се побуни и рече: ’Еве гледате како неоправдано и ненаучно не' напаѓаат‘. Се поистовети со македонскиот народ, со македонскиот човек“.

Годината на македонскиот јазик беше централна тема на годинашното десетто издание на културната манифестација „Македонски духовни конаци“, која беше отворена во саботата во 11 часот во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Струга. На отворањето ќе беше промовиран книжевниот гласник „Портал“, чие ново издание е посветено на нашиот јазик и култура. Изданието го претстави новинарката Јасна Франговска. Централен настан на манифестацијата беше врачување на наградата „Велја кутија“ што годинава ја доби поетот и претседател на Друштвото на писателите на Македонија Раде Силјан, а пред присутните за творештвото на лауреатот говореше академик Матеја Матевски. За творештвото на академик Никола Кљусев, кому постхумно му беше доделена наградата „Духовен воин“, говореше академик Луан Старова.

Во рамките на манифестацијата беше отворена и изложбата „Слика-поема што зборува“ со дела од Атанас-Тасо Констандини од Поградец, Албанија. За делата на Констандини зборуваше Ристо Таневски, историчар на уметноста.

 


Статијата е прочитана 108 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
„Војната заврши“ има странско реноме, но нема копродуценти
„Госпоѓица Јулија“ замена за скандалозната „Алкмеон од Коринт“
Одбележана 120-годишнината од формирањето на македонската книжевна дружина
Почна третата меѓународна ликовна колонија „Скопје 2008“

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.