Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Косово бара масовни гробници, Македонија демантира

Тамара Грнчароска


Во Македонија никогаш немало информации и сознанија дека на нејзина територија постојат масовни гробници на косовски цивили, убиени или загинати за време на војната во Косово. Ова за „Утрински весник“ го тврди поранешниот македонски министер за внатрешни работи од времето на косовската криза, Павле Трајанов, кој истовремено беше и во меѓуресорското владино тело што се справуваше со бегалската кри��а во Македонија. „Ние немавме информации за масовни гробници ниту, пак, разузнавачки податоци дека српските сили направиле масовни гробници во меѓуграничниот простор“, вели Трајанов. Во тоа време тој единствено се сеќава на еден, два леша кои по водите на реката Лепенец од косовска страна допловиле во Македонија. Врз нив бил извршено форензичко испитување, идентификација и согласно со законот тие биле погребани или вратени на семејствата.

Според Трајанов тогаш границата на Македонија ја чуваше македонската армија и полиција. „Но, таа не беше херметички затворена да може да тврдиме дека никој не поминал“, вели Трајанов. Според него, имало зони од македонската територија кон Косово кои во тоа време биле под заштита на НАТО, а македонските сили во нив немале пристап, како што се делови од Скопска Црна Гора, делови од Кумановско, Тетовско. „Таму имаше единици на НАТО и тие беа под нивна контрола“, наведува Трајанов, додавајќи дека во планинските региони имало и непристапен терен, кој никој не го контролирал. Во такви услови тешко дека можело да се направи нешто како масовни гробници, смета Трајанов, но доколку косовските власти сакаат, „можат да проверат“. „Можеби тие имаат информации за постоење гробници на меѓуграничниот простор или на земја што не припаѓа никому, поради што не може со сигурност да се тврди дека има или нема гробници“, смета Трајанов.

Поранешниот прв човек на македонската полиција ја отфрла можноста информациите за масовните гробници да ја претстават Македонија како соработник на српските власти за време на косовската војна. Според него, тоа би било чиста шпекулација. „Ние бевме на страната на НАТО и имавме забрана да комуницираме и да соработуваме со српските власти“, категоричен е Трајанов, потенцирајќи дека Македонија се држеше до НАТО.

Околу смртните случаи во бегалските кампови Трајанов вели дека биле секојдневје и дека за нив се водела ��едовна евиденција според законските регулативи. „Секој ден се раѓаа деца и некој умираше“, се сеќава Трајанов, наведувајќи дека процедурата според законските прописи била умрените да се погребаат, а кога се нормализирала ситуацијата семејствата имале можност да ги земат телата на своите блиски. „Постојат извештаи и за родените и за умрените“, информира Трајанов, потврдувајќи дека за нив фактите се јасни.

На 22 мај косовското Министерство за правда доставило барање до македонските власти за спроведување истрага дали на територијата на Македонија се наоѓаат закопани тела на косовски цивили - жртви на војната од 1998 до 1999 година. Во барањето на косовските власти се наведени повеќе локации како можни гробници. Од Министерството за правда вчера потврдија дека барањето е стигнато до нив, но дека заема се' уште не се преземени конкретни мерки, како формирање меѓуресорско тело или меѓудржавен експертски тим што ќе работи на испитување на наводите. Од македонското Министерство за надворешни работи, пак, наведуваат дека станува збор за тврдења, кои македонската страна сериозно ќе ги испита.


#
Статијата е прочитана 1383 пати.

Испрати коментар

Од: jas
Датум: 17.06.2010 01:21:44
ma daj neka ne izmisluvaat...neka gi kazat nivnite grobnici polni hristijani, ajde dosta od ova pleme...
Од: Rodnina na kidnapirani od strana na UCK
Датум: 17.06.2010 02:23:44
Toa e del od propagandata na Kosovo. Kako taa t.n. megjunarodna zaednica ne se zainteresira za masovnata grobnica-jama vo koja bea zakopani kidnapiranite Makedonci od strana na UCK od Kosovo i od Makedonija, megju koi i moi bliski rodnini? Mi se maci od propagandite koi napravija haos na Balkanot, a za toa plakjaat site zivi ( no i mrtvite Makedonci koi ne mozat pristojno ni da se pogrebuvaat vo svoite grobista).
Од: Me
Датум: 17.06.2010 07:36:33
E ova ti e klasicen primer na rani kuce da te lae...em gi pribravme koga im gorese pod noze i koga nikoj gi nekjese, em sega masovni grobnici... Do kade so ovoj pamet?
Од: Afion
Датум: 17.06.2010 07:55:30
Ako ne e direkten pritisok okolu imeto togas barem da se nacrni Makedonija. Pred okolu mesec/dva Euleks otkri "masovna grobnica na civili" na teritorijata na Srbija. Zaklucok: vo Srbija grobnici; vo Makedonija grobnici: srbite se negatovci, sledi i makedoncite se. Pritisko, pritisok... nema promena na imeto, nema promena na imeto...
Од: Adam od Govrlevo
Датум: 17.06.2010 09:51:00
Можеби има, ама не од цивили косовари, туку од војната во 2001 гподина. УЧК покри се’, а не кажа колку жртви имаа, меѓу кои и Хрвати. Кој се се бореше на страната на УЧК? Што направија со загинатите и зошто не излегоа со официјална бројка? Валкани работи, нема што....
Од: ?!
Датум: 17.06.2010 12:43:10
Дали еднаш не стана јасно дека денес постојат двајца.Едни кои се осеќаат сигурни бидејќи се на позиција,и други кои се испод тоа ниво,обичниот граѓанин.Дека се друго,тие лук и вода,дали станува збор за различна национална или верска природа.Тоа и мора така да биде,и секогаш така било.Едните на другите ќе си потребаат само кога ќе се истроши нивната кохабитација низ процесот наречен живот.Првите за да го оправдаат своето постоење,а другиве за да сватат дека можело и поумно и подобро.Затоа,помалку компарации,бајрами со умот.Денес дали една гробница,или закопано благо,или некаков си одпад,каде ќе се најде,веќе не зависи од "природните околности",туку од други "софистицирани".Најважна работа за нас е да си го трошиме времето за нашите деца,да ни бидат умни.Искушенијата не се лесна работа.А такви,во иднина,колку ми сакаш.Толку ли животот станал безвреде,па да се игра со него?!

Најди! во Утрински
Насловна
Шампањ и солзи
Тиквешански
Говор со празни фрази за ЕУ
И Бразил влезе во математичкиот фудбал
Болните од леукемија умираат, државата ништо не презема
Доживотен затвор за серискиот убиец Виктор Карамарков
Новогодишна еуфорија
Почина актерот Беким Фехмиу
Наезда од крлежи во парковите
Марадона
Послушните политички визионери
Прва победа на Чиле на мундијалите по 48 години
Радоста кратко траеше, нема евтини кредити
Здравството пропаѓа пред очите на сите граѓани
Карикатура
Моторџиски плакат повикува на дискриминација?
Туристите во шок, снег во Јужна Африка
Исламистите го забранија СП