Брoj 2816  понеделник, 20 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Косово повторно им стави рампа на цистерните на ОКТА

Причината и овој пат е неквалитетното гориво

Маја Томиќ


Косовското Министерството за трговија деновиве го забрани влезот на цистерните од ОКТА, со образложение дека бензините кои треба да се продаваат на косовскиот пазар се со лош квалитет. Станува збор за стотина цистерни кои неколку дена стојат заглавени на косовска страна. Од македонската Царина велат дека на граничниот премин Блаце нема никакви застои во сообраќајот и дека цистерните на ОКТА се задржани на терминал на косовската страна, а само три се наоѓаат во меѓузоната, така што возилата од двата правци се движат без проблеми.

Царинските власти на Косово го запреле влезот на цистерните на ОКТА, постапувајќи по наредба на тамошното Министерството за трговија, кое побарало од нив да земат примероци од бензините заради анализа и контрола на нивниот квалитет. Откако било извршено тоа, било констатирано дека квалитетот на нафтените деривати од ОКТА не одговара на критериумите кои важат со тамошниот закон за квалитет за увоз и извоз на нафтени деривати и затоа Министерството издало наредба цистерните да се вратат назад во Македонија.

Од Министерството за економија велат дека имаат контакти со косовското Министерство за трговија и оттаму е дадено објаснување дека станува збор за редовна и рутинска контрола на горивата.

„Ја следиме состојбата и засега нема нарушување на меѓусебната спогодба за трговија, така што нема место ниту за реакции“, велат во ова министерство.

Од ОКТА вчера не беа достапни за каков било коментар или официјален став во врска со новата блокада од Косово.

Според извори на „Утрински“, македонските институции и нема каде многу да интервенираат, бидејќи Косово, за разлика од нас, има поодамна воведено европски стандарди за квалитет на горивата и бара тие да се почитуваат. ОКТА очигледно не ги исполнува и оттаму Косово има секакво право да стави забрана на увозот на неквалитетни горива на пазарот. Од нашето Министерство за економија може да се очекува реакција само во случај ако од косовска страна се прекршува Договор за билатерална соработка со Македонија, што не е во конкретнава ситуација. Во работењето на ОКТА не би требало да се меша државата, бидејќи станува збор за приватна компанија, која треба да почитува наметнати правила и прописи.

Инаку, Косово по втор пат во период од една и пол година ја спушта рампата за нафтените деривати од ОКТА. Минатата пролет, исто така, поради лош квалитет на бензините, цистерни на ОКТА беа вратени во Македонија од преминот Блаце. Проблемот беше во утврдениот преголем процент на сулфур во горивата.

ОКТА годишно извезува над 300.000 тони деривати во Косово, во вредност од околу 200 милиони евра.

Според неофицијални извори, Косово веќе поодамна се преориентира за увоз на деривати директно од Грција и од Бугарија поради нивниот повисок квалитет.

 


Статијата е прочитана 634 пати.

Испрати коментар

Од: tj
Датум: 20.10.2008 07:51:27
Koj so gjavolot tikvi sadi, od glava ce mu se udrat-taka veli edna pogovorka
Од: MKD
Датум: 20.10.2008 10:01:26
Nema problem seto toa ke bide apsorbirano nazad vo makedonija.
Од: Risto
Датум: 20.10.2008 14:15:32
Bravo za Kosovarite taka treba,za Grckata Okta,koja na ime Makedonsko saka da gi mami Kosovari vi Cestitam ne popustajte ako ne e kvalitet vrakaj nazad na prerabotka kolku plakas tolku baras.A nie Makedoncite samo treba da im cestitame i pruzime raka deka se seriozmi na patot na koj trgnale.
Од: Albanec
Датум: 20.10.2008 17:32:22
Ako naftata ne e kvalitetna, togas ne za Ksovo tuku i za nas vo Makedonija ne ni e potrebna takva nafta! Treba da bideme blagodarni na Kosovarite sto ni kazuvat oti na nasite vozila im davame da trosat nekvalitetn derivat i taka pravime sami da gi "posetime" avtomehanicarite sekoj mesec za popravka! Gledate kade ne dovede ovaa vlada koja "kontrolira" se?!
Од: Dr. med. Krste pop-Stefanija
Датум: 20.10.2008 18:57:20
Еј народе, не спи,тоа се резултатите од дубарите на ЉУБЧО Георгиевски,ем начин со кој на нас притиска Грција, ПРЕКУ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА окта, ПРОИЗВЕДУВАЈКИ ВО 2008 г. бензин со висок процент на сулфур !? крсте поп/стефанија

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Шкарт ОКТА-ни
Разбојници ограбиле банкарска сметка на Саркози
Зденко
Годинава ни НАТО ни датум за преговори со ЕУ
Бугарија - најкорумпираната држава во Европа? (2)
Претходен број
Љубе Бошкоски од Битола зачекори со ОДАМ
Цариград не дозволува „промени на канонското управување“
Рејтинг-огледалцето на Груевски
Како да се стане и да се остане државен службеник
Винарството во Македонија се развива побрзо од лозарството
„Ла круа“
Карикатура
Вербатим