Вештакот не дојде, судењето за „Змиско око“ одложено
Судскиот мегапроцес „Змиско око“, во кое се обвинети 72 вработени во патарините, и вчера не можеше да продолжи, бидејќи веќе три месеци не може да биде подготвено новото вештачење, што го побараа адвокатите на обвинетите. Тие коментираат дека целиот процес треба да падне, бидејќи и натаму не може да биде утврдено за колку е оштетена државата. Првично, во обвинението стоеше дека станува збор за претпоставена штета од пет милиони евра, но адвокатите реагираа, бидејќи во правото не постои одредбата претпоставена штета. (Г.А.)
|