Вардар про победник на турнирот во Зеница

Ракометарите на Вардар про ја оправдаа улогата на фаворит со триумфот на 5. Меморијален турнир „Бркиќ, Изиќ и останатите 2008“ што се одржа во Зеница, Босна и Херцеговина. Освојувачот на Купот на Македонија во финалето пред 600 гледачи во салата „Билмишќе“ го декласира домаќинот Челик со 38:28 (19:13), а третото место го освои Коњух од Живинице по победата во малото финале над репрезентацијата на Тунис од 29:26.
Велко Маркоски е прогласен за најдобар играч на турнирот, најдобар стрелец е Един Гушиќ од Челик, а за најдобар голман е избран неговиот тимски колега Драган Старчевиќ.
На турнирот учествуваа и Металопластика од Шабац, како и Криваја од Завидовиќи. |