Разбојници ограбиле сметка на Саркози
Париз - Непознати лица ограбиле приватна сметка во банка на францускиот претседател Никола Саркози, откако успеале да дојдат до шифрата на шефот на државата, објави вчера францускиот весник „Журнал ди диманш“, додавајќи дека Саркози минатиот месец поднел тужба и оти јавниот обвинител во „најголема дискреција“ за тоа го информирал одделот на финансиски криминал на париската полиција.
Полицијата е во потрага по дрските разбојници, кои не оставиле никакви траги, што е доказ дека не станува збор за аматери. Весникот додава дека Саркози останал без „помала сума пари. (Макфакс) |