Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Паричен надомест од државата побарале 6.553 стечајци

Вкупно 6.533 работници со над 25 години работен стаж и нерешен социјален статус поднеле барање за добивање месечен паричен надомест од државата до 15 август, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување.

Исплатата на паричниот надомест е предвидена со Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата од 2000 до 2004 година, кој беше донесен по барање на Здружението на стечајните работници со над 25 години работен стаж и нерешен статус.

Работниците почнаа да доставуваат апликации до Агенцијата за вработување по 23 јули, откако Законот стапи во сила. Крајниот рок за доставување барање за паричен надомест е 21 август. По тој датум надлежни комисии ќе ги анализираат документите што ги доставиле стечајците, по што ќе следува исплатата. Надлежните во Агенцијата велат дека не можат да предвидат за колку време ќе заврши анализата и стечајците ќе почнат да земаат пари, но нагласуваат оти тие ќе имаат право на паричен надомест од датумот кога го поднеле барањето.

Согласно со член 4 од Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во период од 2000 до 2004 година, невработеното лице има право на месечен надоместок во висина од 34 проценти од просечно исплатената месечна нето-плата по работник во државата за претходната година. Според сегашните статистички податоци, стечајците треба да земаат по 5.000 денари месечно, но тој износ ќе се менува со промената на износот на просечната плата. (МИА)


Статијата е прочитана 178 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Во болниците ќе нема лек со доплата
Можен е штрајк ако Собранието не се премисли за Законот за работни односи
Пензиската афера ја тресе Битола
Инспекцијата за труд затекна 941 непријавен работник
Водостопанство „Брегалница“ половина година без плата
Се гради канализација за гостиварското село Чегране
Ќе се гради нов студентски дом со 600 легла во Скопје
Управата за спречување перење пари ќе санкционира шест банки
Оптички кабел на линија Скопје - Кичево
Од утре втор уписен рок во средните училишта
Узурпирани тротоари на две улици во Гостивар
Хуманитарен сунет за ромските деца

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.