Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

ИЗЛОЖБА

Три медали за филателистите од Македонија

Македонските филателисти постигнаа уште еден голем меѓународен успех, овој пат на изложбата во градот Нитра, Словачка. По освоените медали во Словенија и во Истанбул, добија нови признанија од Словачка. Нивните колекции беа наградени со голем сребрен медал и со уште два бронзени.

Климе Поповски беше награден со голем сребрен медал за колекцијата марки „Свети Кирил и Методиј“, додека Димитар Свирков за својата позната колекција „Мајка Тереза“ доби бронзен, а Стојан Кошевалиски за колекцијата „Охрид - македонски Ерусалим“, исто така, доби бронзен медал.

Од утре петмина филателисти од Македонија со своите колекции ќе настапат на најголемата светска изложба „Випа 08“ што се одржува во Виена. Свои колекции на изложбата испратија Стеван Савевски „Авионска пошта во Русија“, Синиша Павлевски ќе се претстави со извонредна колекција марки „Петли“, додека Димитар Свирков овој пат ќе учествува со двете колекции - „Есперанто“ и „Мечување“. Во Виена, Зоран Младеновиќ ќе изложи колекција марки посветени на Божидар Јакац, додека Климе Поповски уште еднаш ќе ја покаже својата колекција марки „Свети Кирил и Методиј“.

Интересно е да се напомене дека филателистите од Македонија со своите последни успеси и освоени медали го привлекоа вниманието на филателистичките клубови и изложби во Европа, така што се повикани да учествуваат на меѓународната изложба „Фила 2008“ што ќе се одржи во текот на октомври во Цетиње, Црна Гора. Свои колекции ќе изложат пет-шестмина филателисти од Македонија.

Големо интересирање владее во светот и за пригодниот плик што го издаде филателистичкото друштво „Скопје“ по повод освојувањето на Монт Еверест на Димитар Илиевски-Мурато и на Глигор Делев. Деновиве на сметка на Филателистичкиот сојуз на Македонија пристигна парична уплата за 15 пликови што ги бара Филателистичкиот сојуз на Непал. Пликовите веќе се испратени. (М.М.)


Статијата е прочитана 304 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Ги навреди активистите за правата на животните
Искра Мишиќ на местото на Ирена Спировска во „Дом и дизајн“

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.