Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Ламбе Алабакоски

пејач

Неодамна се вратив од Италија, каде што престојував четири дена и имав настап. Сега веќе ја подготвувам песната, со која ќе настапам на Балтичкиот фестивал, кој ќе се одржи во Шведска. Јас настапувам на 21 јули и веќе треба сериозно да се размислува и да се подготвува настапот. Во меѓувреме, СП во фудбал на телевизија.

Јордан Симонов

актер

Веројатно, како и 90 отсто од машката популација во државава, а голем дел и од понежниот пол, најголем дел од денот минувам покрај телевизорот со натпреварите од Светското првенство во фудбал. Сепак, вечерва имам и снимање на студентскиот филм на Марко Гојковиќ, „Синот на сатаната“.

Милан Завков

музичар

Веќе завршуваме со оваа сезона на музичката емисија „Зајди, зајди“, што се емитува на ТВ Алфа, па уште денеска имаме снимање. Паралелно се одвиваат и подготовките за летните настапи со „Танец“, како на Балканскиот фолклорен фестивал во Охрид, но и на Охридско лето.

 


#
Најди! во Утрински