Туристите во шок, снег во Јужна Африка

Место очила за сонце и спреј против комарци, се бараат ракавици
Густиот снег што побеле делови од Јужна Африка, особено провинциите Истерн и Вестерн Кејп, би можел да создаде проблеми и за организаторите и за учесниците на Светското првенство.
Имено, снегот веќе создаде многу проблеми во сообраќајот, а во несреќите се повредени неколку лица. Патувањето на навивачите од град в град е максимално отежнато, а во само 46 часа условите драстично се променија. Повеќе најголема природна опасност не се змиските каснувања, туку оние од студот. Особено што во сообраќајните метежи се чека и по неколку часови.
Снегот падна во најјужните предели на земјата, а на некои места тој е висо�� и триесетина сантиметри. Не треба ниту да се спомнува колку ваквото време ги изненади туристите, кои во Јужна Африка понесоа спреј против комарци и наочари за сонце. Но, тоа е исклучиво нивна грешка, затоа што се неинформирани, барем така велат во метеоролошкиот завод.
„Во ова доба од годината студот и снегот не се невообичаени појави во овие подрачја“, изјави Мирор Рејн Смит од јужноафриканската метеоролошка служба. Тие предупредија дека снегот може да биде проблем и за време на натпреварот меѓу Англија и Алжир, кој се игра утре во Кејптаун, главен град на спомнатата провинција Ветсерн Кејп.
Најавуваниот циклон го посети југот на Африка, како и снежните наноси кои покрија голем дел на земјата кој е на поголема надморска височина, така што за првпат во историјата на Светските прве��ства може да се случи на некој натпревар да видиме снежен амбиент. Тоа не треба да чуди, најавуваат тамошните извори, затоа што снегот и ниските температури се вообичаени за оваа доба на годината во Јужна Африка.
Исто така, ова е првпат Светското првенство, по 1978 година во Аргентина, да се одржува на дел од јужната земјина полутопка. Зимата и ниските температури кои моментално се движат околу нулата (се најавуваат и пониски, минус пет,шест под нулата) имаа трагични последици за пингвините во Јужна Африка. Во спомнатиот Истерн Кејп настрадаа 500 пингвини, главно, млади, од неколку недели до две години. |