Прва победа на Чиле на мундијалите по 48 години

Чиле успеа да го совлада Хондурас со 1:0 во групата Х и така да ја оствари својата прва победа на мундијалите по цели 48 години чекање.
Тимот што го води Аргентинецот Биелса доминираше во текот на целиот меч и многу лесно можеше да слави поубедливо. Сепак, на крајот остана забележан само единствениот гол на Босежу, кој беше прогласен и за играч на мечот.
По водството на Чиле се очекуваше Хондурас, кој влезе во историјата како прв тим со тројца браќа (Вилсон, Џони и Џери Паласиос) да додаде гас, но од тоа немаше ништо. Се докажа дека станува збор за крајно лимитирана репрезентација. |