НЕНАД СЕКИРАРСКИ

Колекција инспирирана од филмски диви
Дваесет модели инспирирани од филмските диви на немиот филм, составен дел од новата колекција на познатиот македонски дизајнер Ненад Секирарски, деновиве беа претставени на самостојна модна ревија во Белград. Креациите беа дел од 13. Фешн селекшн во српската престолнина, а моделите беа изработени од свила, сатен, муслин и жоржети, како и од комплексни материјали кои со својата структура го дополнуваат ефектот. Секирарски се одлучи за црна, сива и кафена боја, освежени со виолетова, зелена и драп. |