Брoj 2819  петок, 24 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Дневен хороскоп



Овен

Понекогаш претерувате со изливите на нежност и врзувањето на партнерот за себе. Бидејќи сте наклонети на идеализирање, можете да видите дека создававте лажна претстава за саканата личност. Тоа често ви се случува, потрудете се да се контролирате.



Бик

Размислувате какода решите важен проблем. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повеќе околности во тоа можат да ви пречат. една од причините е склоноста кон вирусни инфекции и ослабен имунитет. Потрудете се да бидете реални.



Близнаци

Се возбудувате безпотребно. Обврските ќе ги завршите , но морате да вложите многу енергија. На емотивен план ситуацијата е непредвидлива. Планирате веридба или венчавка. Ве очекува интересно дружење со блиските, препуштете им се на задоволвствата.



Рак

Вредни сте, расположени и истрајни. Позитивните особини ви се во прв план. Може да се каже дека сте идеални, но благата доза на посесивност и љубомора ве кочат во многу планови. Слободните моменти ги поминувате со личностите кои ги сакате.



Лав

Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на малаксаност, да ги намалите физичките активности и да почекате се да помине. Бидејќи денот ќе го поминете пасивно, ве очекуваат позитивни искустав врзани за патувања или запознавање на нешто ново.



Девица

Навооружани сте со трпеливост, затоа и не ви пречи спор напредок. насочени сте кон креативна работа и планирање на убави случувања. Постои шанса да отидете на пат, но не очекувајте премногу. Потрудете се да научите нешто од своите грешки.



Терезија

Бидејќи пред вас се разновидни содржини, водете сметка да не претерате. Потрудете се да се дистанцирате од случувањата и да не се нервирате беспотребно. Невнимателни сте, помалку расеани, а со тоа и наклонети на повреди. Пред вас се големи пресврти.



Скорпија

Во фаза сте на преобразување, свесни дека морате да вложите многу напор за да го решите проблемот. Ништо не паѓа од небо, затоа и за решавањето на вашите проблеми потребна е енергија. Доколку сакате да си помогнете, потрудете се да се смирите.



Стрелец

Постигнувате неизмерен успех. Во посебно поволна положба се наоѓаат оние припадници кои се занимаваат со проучување на филозофија, уметност и теологија. Доколку ја зголемите дозата на внимание, можноста за повреди ќе ја сведете на минимум.



Јарец

Умствениот процес е золемен. Вочувањето на најситните детаљи го решава проблемот. Во текот на денот ќе се намали енергетскиот тек, затоа се советува одмор. Слободното време поминете го во опуштена атмосфера и побарајте совет од некој близок.



Водолија

Доколку некој се потруди да ве извади од такт, потрудете се да го сочувате здравиот разум. Можни се професионални нервози и грижи в��зани за домашните. насочете се кон работите од кои можете да имате корист. Партнерот ве поддржува во се.



Риби

Наклонетоста кон флерт е нагласена. Скандалот е нешто што моментално најмалку ви е пожелно. Постигнувате нови искуства во духовна сфера. Имате финансиски проблеми, затоа потрудете се да се спуштите на земја. Оставате добар впечаток врз околината.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ