Хороскоп
ОВЕН
Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви застанат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да избирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.
БИК
Денеска ќе шармирате некого со својата појава, па затоа навреме проверете во кога сте ја насочиле енергијата за да не зажалите подоцна. И соништата може да се остварат доколку имате силна желба и волја во преземањето практични чекори. Имајте го ова на ум.
БЛИЗНАЦИ
Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од тоа во што сте вплеткани. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.
РАК
На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете ново лице, не дозволувајте вашата лутина и фрустрации да влијаат врз конечниот суд, туку дозволете му да ги покаже своите квалитети.
ЛАВ
Вашиот природен инстинкт денеска ќе ви дава посебни сигнали врзани за одредена работа што носи големо малтретирање. Покрај тоа, вие сте способни да му испратите суптилни сигнали на лицето што ви се допаѓа, а никој да не забележи, зарем не?
ДЕВИЦА
Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе, кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва разговарајте со својата подобра половина и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.
ТЕРЕЗИЈА
Нова надеж за исполнување на плановите повторно е на хоризонтот, па и вие може малку да се олабавите и да му покажете на партнерот колку го сакате. На вратата ќе ви чукнат нови инвеститори, кои ќе ви дадат понуда што не ќе можете да ја одбиете.
СКОРПИЈА
Имате проблеми со финансиите, па препорачливо е да проверувате и по два пати што потпишувате и што купувате. И комуникацијата ќе ви претставува проблем зашто едно лице ве доведува до лудило така што не можете да се контролирате.
СТРЕЛЕЦ
Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето кое ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за кое се претставува.
ЈАРЕЦ
Ќе зборувате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во веселбата. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се - и тоа наскоро ќе се реши.
ВОДОЛИЈА
Ќе се најдете во средина на еден скандал и нема да ви биде јасно како тоа се случило. Едноставно, премногу зборувате на погрешно место. Но, бодејќи денеска сте многу шармантни се' ќе помине безболно, а вие ќе сфатите дека некогаш имате предолг јазик.
РИБИ
Доколку одлучите да кажете една тајна, треба да бидете подготвени на она што ќе следува потоа. Ќе се појават лавини од трачеви за едно лице, кое не ги заслужува. Бидете подготвени на деловни одложувања и фрустрации што ќе произлезат од работата.
|