Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

На Трауматологија се појави опасна бактерија

Бактеријата е пронајдена во постоперативната рана на пациентка и засега не се заразени други пациенти

На Клиниката за трауматологија се појавила бактеријата МРСА, која предизвикува болничка инфекција. Оваа опасна бактерија, како што дознаваме, пронајдена е во постоперативната рана на пациентка и засега не се заразени други пациенти. Бактеријата која е позната по тоа што тешко се искоренува и е многу отпорна на антибиотици, според неофицијални извори, била случајно откриена, откако не и' заздравувала раната на болната. Појавата на оваа бактерија на Хируршките клиники, велат доброупатени извори, не е ништо ново, само што таа повремено се јавува и кај пациенти и тоа со послаб имунитет.

Клиниката, иако е законски обврзана, веднаш не ги известила епидемиолозите за појавата на бактеријата, туку го сторила тоа неколку дена потоа откако бактеријата била и лабораториски докажана на Институтот за микробиологија и тоа во раната на пациентката и било извршена дезинфекција.

Од скопскиот Завод за здравствена заштита ни потврдија дека кај нив Клиниката за трауматологија пријавила еден случај заразен со МРСА и тоа во петокот. Иако клиниката не го известила веднаш Заводот, епидемиолозите тврдат дека во здравствената установа биле преземени сите потребни заштитни мерки за да се спречи ширењето на инфекцијата. Но, и од Заводот веднаш не реагирале на пријавата, туку клиниката ја посетиле дури вчера.

„Иако случајот со МРСА беше пријавен во петокот, не беше ништо алармантно за да не може увидот на клиниката да почека и да биде направен вчера“, ни изјави раководителката на Епидемиолошкото одделение при скопскиот Завод за здравствена заштита, д-р Лилјана Синадиновска-Андреевска, која смета дека појавата на бактеријата се должи на несоодветно одржување на хигиената на клиниката. Иако веднаш не реагирала до Заводот, д-р Синадиновска-Андреевска смета дека клиниката ги презеле сите противепидемиолошки мерки, односно заразената пациентка веднаш била изолирана од другите пациенти за да се стопира ширењето на инфекцијата. „Било направена и вонредна дезинфекција, а било подигнато и нивото на хигиената“, вели д-р Синадиновска-Андреевска.

Ова било констатирано при вчерашната инспекција на клиниката кога биле земени брисеви од просториите, работните површини и од персоналот за да се утврди евентуалниот извор на заразата. Првичните резултати треба да се познати за два дена, ни рече д-р Синадиновска-Андреевска.

За случајот клиниката не го известила ни Државниот здравствено-санитарен инспекторат, а тоа не го сторил ни Заводот, иако тоа го налага законот. Д-р Вера Менкова од Државниот инспекторат ни изјави дека тие ќе контактираат со Заводот и дека е доволно што за случајот клиниката го известила Заводот.

За случајот со опасната бактерија објаснување побаравме и од директорот на Клиниката за трауматологија, д-р Славчо Стојменски, но тој не беше достапен. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 2058 пати.

Испрати коментар

Од: sonja
Датум: 19.08.2008 09:30:52
Ne samo vo traumotologija tuku i vo celata drzava ima vakva bakterija a toa e nasata novo stara vlada.Sekoj den samo se falat sto napravile i postignale arno ama rezultatite se gledat a toa e opasna bakterija.
Од: Kire
Датум: 19.08.2008 13:49:12
to vlasta e kriva za se. Jas mislam deka treba i vremevo da go reguliraat, so e ova zestini nad 40 stepeni, vladata e kriva :))
Од: od mene do sonja
Датум: 19.08.2008 14:28:06
posle tvojot komentar imam vakov komentar: ti malku dan si odlepena!?!?!? na svetov ima mnogu cudni luge

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Претседателот не даде виза за Законот за надворешни
Кој го советува Груевски да не му возвраќа на Црвенковски?
Црвенковски и Груевски се координираат пред доаѓањето на Нимиц

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.