КЕЛИ РЕЈЛИ

Новата љубов на Гај Ричи
Бидејќи наскоро го очекува етикетата на поранешен сопруг на Мадона, режисерот Гај Ричи, најверојатно, успеал да пронајде утеха во британската актерка Кели Рејли, со која моментално работи на филмот „Шерлок Холмс“.
Гај Ричи (40), најверојатно, веќе некое време е во врска со актерката Кели Рејли (31), која ја ангажирал за потребите на снимањето на филмот за еден од најголемите детективи на сите времиња Шерлок Холмс.
Во доменот на претпоставките е дека режисерот по три дена, откако објавил дека, конечно, ќе стави крај на бракот со Мадона, се спакувал и заминал во хотелот „Шантам“, во кој се наоѓала и актерката Рејли.
Во меѓувреме, таткото на Ричи, Џон, буквално ја исплукал својата наскоро поранешна снаа, која на концертот во Бостон изјавила дека Ричи е емотивно ретардиран, истакнувајќи дека е навистина лоша и дека се однесувала кон неговиот син крајно невоспитано. |