Број 3309  четврток, 17 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Послушните политички визионери

Назми Малиќи

Која е каузалната политичка, економска и безбедносна шема што би требало да се гради како државна консензуална политика

Поставувањето на државното знаме пред парламентот и пред владините претставништва е разбирлива иконографска практика на многу држави, па добро е што и кај нас почнува да се практикува. Дел од некогашните пратеници Македонци, Албанци и други, бевме потписници на иницијативата за новото знаме на Република Македонија, а потоа и го гласавме како заеднички предлог. И сега државното знаме е прифатено од граѓаните како државен консензуален заеднички симбол. Затоа владините и партиските функционери би требало да бидат мотивирани да се однесуваат според законот. Да ги разделат партиските активности од државните. Вербалниот дел при поставувањето на знамето како повеќе да личи на партиска предизборна активност. Државно знаме или знаме на Република Македонија и македонско знаме имаат поимна, јазична и суштинска правна разлика. Законот за знамето на Република Македонија постои од 1995 година. Таму точно е дефинирано што значи знамето и каков е начинот на употреба. Кога владините челници го идентификуваат државното знаме само со македонска национална заедница испраќаат погрешни пораки до другите.

Дел од граѓаните посакуваат поставување знамиња и особено поставување споменици. Според резултатите од последното истражување на институтот „Павел Шатев“, 29 отсто од анкетираните граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ. Ако сега би се одржале избори оваа партија би добила 61 пратеничко место. Со оваа бројна и процентуална прогноза на премиерот Груевски му се нуди слободен простор за партиска забава и прослава. За оваа бројка граѓани, секако демократско право е да ракоплескаат и да се радосни поради градењето партиски патриотски идентитет. Нивно право е ним и на нивната партиска елита да не им значи многу одлуката на последната средба на Советот на министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург, да не се иницира давање датум кога Република Македонија би требало да ги почне преговорите за членство во Унијата. На оваа категорија партијци, според се', изгледа не им е битна замрзнатата покана за полноправно членство на Република Македонија во НАТО.

Сепак, едно не можам да сфатам - откако ги следам евроатлантските интеграции како финална стратегиска и национална цел за Република Македонија - никогаш како сега на партизираните универзитетски и академски елити на Македонците, оваа стратегиска цел не им значела помалку. Партизираните интелектуални кругови не биле никогаш поголеми и помирни партиски послушници. Како повеќе да им значи да ги следат партиските паради и да ја играат улогата на послушни слушатели. Изгледа дека се живее со поместување на академските улоги. Како да им недостасува интелектуален мотив, политичка зрелост, интелектуална доблест својата земја да ја гледаат да значи повеќе како идна членка на ЕУ и на НАТО. Можеби истите тие партизирани интелектуалци се дел од групата граѓаните што се радуваат на поставувањето споменици на истакнатите историски личности, како што се Методија Антонов Ченто, Даме Груев, Гоце Делчев. Таа радост можеби ќе се сподели и со различни размислувања и перцепции поради разликата на големината на спомениците. Првиот претседател на Република Македонија, Ченто, останал помал, бидејќи така размислувале партиските патриотски архитекти, затоа што се промениле времињата. Не живееле во ист историски период и ќе останат помали оние патриоти и дејци што не јавале на коњ. Тоа е така, бидејќи и внатре, кон самата национална припадност и кон националните историски чувства, постојат разлики, а таквите разлики би требало да ја негуваат и да ја доградат внатрешната историска национална толеранција. Ова мрачно однесување се забележува и во делот на оние партиски интелектуалци, Албанци, кои понекогаш глумат слободни стрелци. И овие партиски интелектуални елити посакуваат да заземат став мирно на партиските средби, особено ако се некаде во близина на споменикот на Скендер-бег.

Да се разбереме, иако им е повеќе од јасно дека без наоѓање компромис со Грција за промена на името, Република Македонија не може да биде членка на НАТО и на ЕУ, и покрај тоа, јавно изјавуваат дека преговорите со Грција за името и потребата за компромис не зависат од албанските политички субјекти. И оваа категорија интелектуалци изгледа го посакува постоењето на категоријата партијци без академска визија. Партизираните универзитетски елити, пак, повеќе се занимаваат со кадровска партиска политика. НАТО и ЕУ-интеграцијата и ним не им значат, затоа, пак, ректорите им се главна партиска мета. Болоњската повелба за непартиска организациска поставеност на универзитетите ја пренаменуваат за партиски цели и директиви.

Затоа пораката до партизираните универзитетски кадри повеќе ја насочувам како поттикнување на размислување и како провокација за аналитичко расчленување на една проблемска ситуција, во која се наоѓа нашата земја во спроведувањето на владините стратегиски документи за приближување на Република Македонија кон НАТО и ЕУ, кои се консензуално прифатени. Ова прашање бара разбирање и за критиките зашто се спречува таков процес. Универзитетските и академските елити што се блиски до елитите на партиите на власт или се дел од нив, би требало да бидат појасни во нивните информации за тоа како ја гледаат државната перспектива надвор од НАТО и од ЕУ. Која е каузалната политичка, економска и безбедносна шема што би требало да се гради како државна консензуална политика. И на крај, да се потсетиме на чешкиот писател Васлав Хавел, кој рекол: „Главна задача на интелектуалците е да ја разберат сегашноста“.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 10709 пати.

Испрати коментар

Од: Миле - Охрид
Датум: 17.06.2010 00:35:18
Да се разбереме. Без компромис кој ќе ја покаже добрата воља на албанците во Македонија со што ќе не` убедат колку е поважен НАТО од името и идентитетот , нема решени на спорот со Грција. За почеток треба да си одберат друго име за нивна идентификација , со што ќе направи динсикција од народот на една друга држава според која се идентификува народот кој живее во неа. Можеби македонците ќе го следат нивниот пример.
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 17.06.2010 05:42:29
Profesore ovie se tvoi zborovi!.,, И на крај, да се потсетиме на чешкиот писател Васлав Хавел, кој рекол: „Главна задача на интелектуалците е да ја разберат сегашноста“. P.S. Dragi Profesore! Zarem ne si slusnal,da : Bez proslosti ne ide se u Budsucnosti,jer si Drvo bez Korenja!. Profesore! Dobro se poznavame ,Jas Sum,ucenik na Zevair Saciri,Superioren UM,Um nad Umovi,Obraz ,nad Obrazi!Profesor Tetovske Gimnazije!!Zevair Sin na Hoza Veseli-Neraste.
Од: Faton
Датум: 17.06.2010 08:56:25
Браво бре Миле, немаш врскаааааа.... Поздрав од Струга
Од: skopski fraer
Датум: 17.06.2010 10:44:26
Mislam deka ovoj Nzmi stanal doktor po zaslugi sto gi prodal albanskite intersi,sega saa da bide patriot ama xabe mu e,ne pali toa kaj albancite a apak kajmakedoncite e mnogu sitna intelektualska riba.Voopsto ne se soglasuvam so negovite kvazi profesorski tezi...R Makedonija ce opstane i ponatamu i ponatamu ce se zbogatata oligarsi i ce stanat preku noc doktori po nauki analfabeti ,Makedonija si e Makedonija i ne moze druga da bide ,
Од: ?!
Датум: 17.06.2010 12:05:10
Граѓанство македонско.Најдобро е повеќе,поретко да се нервирате.И нашите,и европските,па и светските елити си ја знаат работата.Наместо да служиме за игра и забава,најдобро е целата работа да им ја оставиме ним.Ние треба да си се зафатиме за нашата работа.Да бараме,средување на економијата,подобрување на животниот стандард,и подготовка на леглата,за сезоната на враќањето на нашите од белосветските простран��тва,пред налетот,на себеказнувањето,заради нашата недоветност,и искрено речено,очекувано неискуство.Инаку,денес се живее по инстиктот на ишаретот.Денес еден,утре друг,а ситните и не многузначајни државници па и држави,и натаму ќе си го искривуваат вратот,вртејќи ја главата лево-десно,горе-долу,незнаејќи дека домашната работа сам треба да си ја заврши,секој,а не преку приказни да го замајува граѓанинот,до неговото себезаборавање,не,себеосознавање.Она првото е најлесно.

Најди! во Утрински
Насловна
Шампањ и солзи
Тиквешански
Говор со празни фрази за ЕУ
И Бразил влезе во математичкиот фудбал
Болните од леукемија умираат, државата ништо не презема
Доживотен затвор за серискиот убиец Виктор Карамарков
Новогодишна еуфорија
Почина актерот Беким Фехмиу
Наезда од крлежи во парковите
Марадона
Прва победа на Чиле на мундијалите по 48 години
Радоста кратко траеше, нема евтини кредити
Здравството пропаѓа пред очите на сите граѓани
Карикатура
Моторџиски плакат повикува на дискриминација?
Туристите во шок, снег во Јужна Африка
Косово бара масовни гробници, Македонија демантира
Исламистите го забранија СП