Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Светот се соочува со жед за вода

Иако неодамна глобалното внимание се фокусираше на енергијата и на храната, глобалниот самит што ќе се одржи неделава во Стокхолм, Шведска, ќе дискутира за клучниот проблем околу водата. Самитот „Недела на водата во светот“ почна вчера и на него ќе бидат обновени апелите за решавање на растечките предизвици од санитетско-здравствени мерки, климатските промени и водата за пиење. Санитетско-здравствените мерки се едни од најважните глобални проблеми. Организаторите посочуваат дека недостигот од соодветни санитетско-здравствени мерки е скандал што чини 1,4 милиони детски животи секоја година. Инвестирањето во оваа област, велат научниците, е најефективна интервенција во здравјето што би можел да ја направи светот.

Додека глобалните загрижености околу енергијата и храната се реални, експертите наведуваат дека справувањето со клучните проблеми со водата е посуштинско за светот и итно е потребна долгорочна акција. Две илјади и петстотини експерти ќе разговараат дали светот ќе има доволно водни ресурси за да се справи со зголемувањето на населението. До 2025 година 1,8 милијарди луѓе ќе живеат во региони со апсолутен недостиг од вода. Меѓутоа постигнувањето политички договор за тоа како да се подели или заштити водата изгледа многу далечно. Секоја дискусија за проблемот со водата, исто така, ќе треба да одговори и на климатските промени. Од неодамна научниците беа во можност да ги утврдат влијанијата на зголемувањето на температурата врз водниот циклус. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 353 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Jулија Тимошенко ја обвинуваат за предавство
Јужна Осетија сака руски бази
Рајс- Ќе има одговор на руската инвазија во Грузија
Драма за спасување на 400 лица во Големиот Кањон
Мушараф поднесе оставка на функцијата претседател
Менонити – боливиска верзија на американските амиши

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.