Што прават денеска
Ева Нединковска пејачка
Денеска се враќам од Лондон во Скопје, каде што во саботата со браќата Тавитијан имавме концерт во клубот „Хало авенју“. Времето за патување, со менувањето на авиони, е доволно за слегнување на впечатоците со кои се враќаме во Скопје.
Мелита Ракичевиќ ТВ-водителка Понеделник ми е ден кога правам планови за обврските во текот на седмицата. Денеска имам неколку состаноци во А1 ТВ, договори за работата со колегите... Од тие договори ми зависи како ќе ми тече понатаму денот, па и неделата.
Несрин Таир актерка Во петокот започна новата сезона во Турскиот театар, што значи веќе почнува да се раздвижува сцената. Навистина се' уште немам проби, но денеска треба да имам средба во врска со преговори за еден нов проект. Сепак, се' уште се чувствувам одморски, додека не почне работата со полна пареа.
|