Брoj 2766  вторник, 19 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Jулија Тимошенко ја обвинуваат за предавство

МОСКВА - Најблиските соработници на украинскиот претседател Виктор Јушченко вчера ја обвинија претседателката на владата, Јулија Тимошенко, дека ги предала државните интереси и оти е политички корумпирана. На повидок е скандал кој лесно може да се претвори во невиден судир меѓу претседателот и премиерот на Украина. Секретаријатот на украинскиот претседател вчера соопшти дека на правосудните органи ќе им ги предаде материјалите што тие треба детаљно да ги проучат за тоа дали Јулија Тимошенко ја предала својата држава. Јасно е дека таквите оцени на сметка на премиерот, претставници на администрацијата не би смееле да даваат без согласност на Јушченко. Украинскиот претседател побара Јулија Тимошенко поскоро да се врати од одмор.

Заменик-раководителот на администрацијата на Јушченко, Андреј Кислински, изјави дека, според информациите што ги имаат, политичкото раководство на Русија ја разгледува можноста да ја поддржи кандидатурата на Јулија Тимошенко на претседателските избори во Украина ако таа и нејзиниот партиски блок имаат „пасивна улога“ во однос на конфликтот во Грузија.

Според информациите од кабинетот на Јушченко, во Москва постоел центар на чиешто чело се наоѓал Виктор Медвечук, поранешен шеф на администрацијата на претседателот Леонид Кучма, кој би ги координирал акциите околу изборите во Украина во 2009 година. Наводно, дека за поддршка на Јулија Тимошенко веќе се резервирани една милијарда долари, посочи Кислински. Тој тврди дека и поранешниот украински претседател Леонид Кучма ќе биде во штабот за претседателските избори на Јулија Тимошенко. Во времето на владеењето на Кучма, Јулија Тимошенко беше и апсена. Минатата недела претставници на администрацијата на Јушченко ја нападнаа премиерката Јулија Тимошенко дека работи во интерес на Русите.

Претседателот Јушченко и неговите најблиски соработници се незадоволни што Јулија Тимошенко не ја поддржа Грузија во неодамнешната мала војна на Кавказот. Луѓе блиски до Јулија Тимошенко се воздржуваа од повици за прекин на војната. Потпретседателот на украинската влада, Григориј Немирја, објасни дека Јулија Тимошенко „не сакаше да си прави реклама на крв и трагедија, па затоа ја избегнува непотребната реторика“.

За време на претседателската кампања во 2004 година, Јулија Тимошенко беше на страната на Виктор Јушченко и многу му помогна да се пробие до претседателската фотелја.

Украинските експерти велат дека на претседателските избори во 2009 година, покрај Јушченко и Јулија Тимошенко, ќе учествува и поранешниот премиер и лидер на партијата Региони на Украина - Виктор Јанукович. Тимошенко и Јанукович имаат рејтинг од 20 до 25 отсто, а актуелниот претседател Јушченко има помалку од 10 отсто.

Украинскиот претседател Виктор Јушченко ја повика сопругата и двете деца на Михаил Саакашвили да се одморат во претседателската вила на Крим. Николас, помладиот син на Михаил Саакашвили, беше крстен од неговиот пријател Виктор Јушченко. Државната вила на украинскиот претседател се наоѓа 40 минути возење со автомобил од Севастопол, каде што се наоѓа главната руска црноморска база. (Б.В.)


Статијата е прочитана 821 пати.

Испрати коментар

Од: toni jovanovski
Датум: 19.08.2008 14:17:27
Pa neli gledate deka parata zelezna vrata otvora pa taka i golemata pobornicka za demokratija vo Ukraina pocna da se vrti kon Rusija zatoa sto i dadoa poveke pari

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Светот се соочува со жед за вода
Јужна Осетија сака руски бази
Рајс- Ќе има одговор на руската инвазија во Грузија
Драма за спасување на 400 лица во Големиот Кањон
Мушараф поднесе оставка на функцијата претседател
Менонити – боливиска верзија на американските амиши

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.