Спортскиот настан „Трчаме кон целта“ се одржа по 7 пат во саботата на кејот на реката Вардар. За децата се организираше трка од 1км, имаше трка од 5 км, а за најспремните натпреварувачи полумаратон 21.1 км. Воедно беше и државното првенство на Македонија во полумаратон. Во полумаратонот настапија над 80 натпреварувачи, а во рекреативната трка од 5 километри над 70.