Скелет 2,6 метри висок, 8 метри долг и 75 отсто завршен на тираносаурус батар на фотографијата од „Херитаџ окшнс“ во Њујорк. Американските власти се очекуваше вчера да го запленат 70 милиони години стариот фосил на диносаурус што е центар на меѓународен спор во врска со сопственоста. Федерален судија во Њујорк потпиша налог со кој му се дозволува на Министерството на внатрешна безбедност да го заплени скелетот на тираносаурус батар – азиски роднина на северноамериканскиот тираносаурус рекс – од „Херитаџ окшнс“ со седиште во Далас