Дијамант стар 400 години и 34,98 карати тежок познат како „бју санси“ е изложен во аукциската куќа „Сотби“ во Париз. Дијамантот кој е еден од најстарите во светот со кралско потекло и во моментов е во приватна сопственост, во мај ќе биде ставен на аукција од аукциската куќа „Сотби“ во Женева. Се очекува да донесе 4 милиони долари. „Бју санси“ се верува дека му припаѓал на кралот Анри Четврти од Франција и Марија де Медичи