Иселено седиштето на ОО на СДСМ - Гостивар
Гостивар - Основната организација на СДСМ-Гостивар е иселена од просториите со судски извршител и асистенција на полицијата. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор донело одлука за иселување, бидејќи киријата не била плаќана редовно и повела судски спор.
Социјалдемократите се револтирани на оваа постапка и тврдат дека сите обврски спрема јавното претпријатие биле намирени. Според потпретседателот на партијата, иселувањето е форма на притисок. „ВМРО-ДПМНЕ знае да владее само со притисок и влевање страв. Дури и не почитува привремена мерка на судот со која се забранува иселување с? до завршување на постапката. На ова ќе се спротиставиме со огранизиран настап со демократски механизми и преку институциите“, изјави Игор Ивановски, потпретседател на СДСМ, пред просториите кои претходно беа испразнети од инвентарот. (К.К.) |