Дневен хороскоп



Овен

Бидејќи се преоптоварувате кога физичките активности се во прашање, мора да бидете внимателни поради можни повреди. Можни се стресови врзани за емотивниот живот. Насочете се кон работата и во неа најдете утеха.



Бик

Едно се желбите, а друго конкретната ситуација. Иако сте помалку незадоволни, бидете трпеливи кога работата е во прашање. Доколку сакате да ја зацврстите врската, мора да имате потолерантен однос спрема партнерот.



Близнаци

Бидете реални и внимателни во проценувањето на луѓето за да избегнете разочарувања. Бидејќи денот е одличен за занимавање со уметност, искористете го и ќе постигнете душевен мир. Немојте да донесувате битни одлуки.



Рак

Љубоморни сте и посесивни не само спрема партнерот туку и во односите со околината воопшто. Бидејќи веќе се запознавте и соживеавте со овие слабости, насочете го вниманието на паметни работи. Ве очекува финансиска добивака.



Лав

Мора да бидете внимателни, можни се сериозни здравствени проблеми. Одморајте се и воопшто не размислувајте за работата. Потрудете се да не се нервирате, бидејќи веќе утре се' ќе биде подобро. Поминувајте повеќе време со партнерот.



Девица

Голем број од припадниците на овој мудар и практичен знак ужива во убави работи и на адекватен начин ја користи креативната енергија. Задоволни сте од себеси. Не идеализирајте ги работите ако не сакате да се разочарате.



Терезија

Топло-ладно. Се' е во тој стил. Кај вас буквално ништо не се знае. Животот ви е толку интересен, а вие се трудите да направите да ви биде здодевно. Со еден збор, се' се одвива по еден строг шаблон од кој не можете да излезете. Дистанцирајте се од негативни личности.



Скорпија

Тукушто помисливте дека се' е в ред, новите изненадувања прават работите да се одвиваат во спротивна насока. Опкружени сте со личности кои дефинитивно не ви годат. Сфатете ги слабостите на другите и прифатете ги онакви какви што се.



Стрелец

Пред вас е фантастичен и успешен ден во секој поглед. Се' што сте замислиле ќе се одвива како подмачкано, затоа нема место за страв. Често однапред се плашите дека нема да успеете. Оладете ја главата и препуштете се на среќата.



Јарец

Сите случувања се одвиваат во кругот на соработниците. Осаменоста е нешто што не се советува, а и самите ќе почувствувате дека претеравте. Но, тоа не е важно, најбитно од се' е вие да сте среќни и задоволни. Ве очекува средба со личности кои долго не сте ги виделе.



Водолија

Напнати сте, затоа потрудете се малку да се приберете. Не донесувајте одлуки набрзина. Одете на пат и потпрете се на сопствената визија. Нервната напнатост ќе ја пребродите во друштво на блиските кои одлично знаат да ве шармираат.



Риби

Во план е патување, ако не вистинито, тогаш барем во фантазијата. Кај вас нишката меѓу сонот и јавето е толку испреплетена што тешко се разликува. Во секој случај одмор покрај вода одлично ќе ви дојде, особено ако сте во друштво со саканото лице.