Мајкл Џексон дента пред да почине: Среќен сум, сакам вечно да настапувам!
„Се чувствувам толку живо, можеш ли да го почувствуваш тоа?“, со широка насмевка кралот на попот му се обратил на својот фотограф Кевин Мазура на последната проба, само неколку часа пред смртта.
Мајкл Џексон бил многу возбуден поради својата повратничка турнеја во Лондон, жалел поради тоа што долго време бил надвор од сцената, бидејќи како што му рекол на својот пријател – таму припаѓа. Познатиот фотограф открива дека Џексон на кобниот ден му рекол дека мора да поработи на некоја од песните.
„Станува збор за ова - јас на сцена. Единствено недостигаат моите обожаватели, моето семејство, ама и тие ќе дојдат. Знам дека сакаат. Многу сум среќен зашто вака се одвиваат работите. Ова сум јас, вистинскиот јас. Се чувствувам толку живо“, му објаснил Џексон на својот долгогодишен пријател.
Според тестаментот, Џексон и' ја остава грижата за своите деца на мајка си. Доколку не биде изводливо тоа, грижата за децата ќе и' биде препуштена на Дајана Рос. Неговата бивша жена не се споменува во ниту еден дел од тестаментот исто како што го нема ни името на татко му.
Од новите вести кои постојано пристигнуваат една се однесува на тајна неколкугодишна врска на кралот на попот.
„Знам дека семејството беше свесно за постоење некој посебен во животот на Мајкл, некој кого тој го обожаваше и со кого ги делеше сите подеми и падови во животот“, изјавил за Скај њус еден од телохранителите на Џексон, кој не сакал да го открие името на девојката.
За последните видео снимки од пробите на Џексон кликни овде |